Кога животот ќе ти го испијат другите болни!

26.07.2016 11:30
Кога животот ќе ти го испијат другите болни!

Аптека "Зегин", "Три бисери", Скопјанг.

Влегуваме со жена која вади од ташната шпил рецепти.

-Нееееее...- развлечено пее младиот аптекар, некое рокерско момче со долга коса врзана во репче, ретка брада и очила, високо како Кевин Дуран, симпатично, во секој случај, американска, холивудска појава, така ми изгледаше-...молам побарајте друга аптека, утрово ја искористивме квотата, овој месец немаме повеќе право да издаваме лекарства на рецепти!

Жената си ги стави ливчињата в ташна и отиде да бара некоја друга аптека, но јас не додржав да го прашам младиот рокер-аптекар: какви квоти, бе, што е ова, како ја остави жената без лекови, може да умре зад аголот!

-Господине, за позитивната листа имаме плафон во паричен износ што не смееме да го пробиеме. Имаме, да речеме, право на рецепти да издадеме лекарства во износ од 100.000 евра месечно. Ние тој износ го достигнавме утрово и повеќе не смееме да издадеме ниту едно апче. Пациентите ги упатуваме во аптеки кои не ги достигнале своите квоти.

-Чекајте, па ене ја жената, таа може да бара аптеки со слободни квоти додека не умре!?

-Така е, господине!

Се фрапирав!

Значи, човек со дијагноза, со рецепти, со право на лек, не може да преживее ако аптеката го достигнала плафонот што и го одредил некој министер на смртта! Жената од аптеката на "Зегин" може да умре затоа што некој претходно и го испил животот!

И после имало бранови на насилство.

Има, светот е неуморен во развојот на мотивацијата.

Извор: Фејсбук

Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото