Фашистите се власт во Македонија

08.08.2016 11:44
Фашистите се власт во Македонија

Точно ДЕСЕТ ГОДИНИ им требаше на сите, ѓоа либерално, напредно, слободољубиво, та дури и опозиционо настроени мили и драги пријателчиња за да, еве, откако се појавија во вистинскли црни кошули-униформи, да разберат дека ФАШИСТИЧКАТА СЕМКА не е семка туку ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА. Точно пред ДЕСЕТ години преупредив(ме). Велеа дека е претерување, дека „не е убаво да се употребуваат такви изрази (фашизам, фашисти)“, не било политички опортуно (!), не е убаво да се делиме, а и не е сосема сигурно дека станува збор за фашисти, туку за некаков „режим“, некакви „забегани“ итн.

Што требаше да им биде приложено како доказ?

Па до денешен ден, после 19 месеци, откако се емитувани бомбите, сè уште ги има, од ова „напредните“ кои, кога ќе им се изговори зборот фашизам, фашисти, во нивно присуство, се чувствуваат неудобно, небаре девици на кои кога ќе им спомнеш к*р, поцрвенуваат!

Ете така, среде лето, згрозувајте се од оние мајмуни, ѓоа тодоралександровци, и тајно надевајте се дека тоа се само некакви маалски будалетинки, а дека ЖМРО е една ДЕСНА демократска партија.

Поправете си ги ѕвончињата на вратите, ако ви се расипани, за да не ви тропаат со клоци.

Смрт на Фашизмот-Слобода на Народот!

П.С. Потсетете ме КОГА некој опозиционен првак, слободољубив интелектуалец или некој таков сличен употребил квалификатив ФАШИСТ-ФАШИСТИ. Јас нешто не можам да се сетам.