Доналд Трамп - историска победа на анти-естаблишмент револуцијата

09.11.2016 16:28
Доналд Трамп - историска победа на анти-естаблишмент револуцијата

Зад нас е една од најнапнатите ноќи во поновата политичка историја. Додека сите анкети прогнозираа лесна и релативно сигурна победа на демократската кандидатка Хилари Клинтон, оние кои малку подобро ги познаваат сите куриозитети и сета флексибилност на модерната политика, знаеја дека овие избори ќе бидат неизвесни сè до самиот крај. Токму така и беше.

Непосредно откако почнаа да стигаат првите резултати од излезните анкети, стана јасно дека ова нема да биде лесна ноќ за Хилари. Трамп веднаш изненади во неколку сојузни држави за кои се очекуваше дека ќе ѝ припаднат нејзе, а најголемиот знак на времето стигна во моментот кога е потврдена неговата победа во сојузната држава Охајо. Имено, уште од 1960 година секој победник на претседателските избори освојуваше „свинг“ во државата Охајо.

Тогаш започна паниката - берзите подивеа, акционерите се најдоа во неочекувана ситуација, а веднаш порасна цената на златото.

Со денови и недели аналитичарите се забавуваа со разни „крстозбори“ по прашањето што сè, хипотетички, Трамп треба да освои за да победи на овие избори. Најчесто стануваше збор за истакнување сценарија за кои сите веруваа дека се невозможни. И потоа нешто се случи, вечерва, истите тие луѓе, сега значително понервозни, почнаа да составуваат хипотетички карти како Хилари евентуално можела да победи. Со други зборови, сè се смени за една ноќ.

Би било навистина интересно да се пронајдат снимките од синоќешните извештаи во живо, на каналите како што се CNN, MSNBC, ABC, па дури и европските BBC, Euronews, DW... Мора да се признае дека водителите навистина професионално си ја завршија својата работа, секако, друг избор воопшто немаа, но без претерување, некои од нив ја менуваа бојата пред камерите. Пребледувањето често настапуваше во моментот кога ќе изговореа „изгледа дека Трамп би можел да победи...“.

Веројатно некаде во тој миг англискиот политичар Најџел Фараж отворил шише од омилениот алкохол. Во тој миг му станало јасно дека, се чини, продолжува анти-естаблишмент револуцијата, најголемата политичка револуција на нашето време, од Британија во Америка.

По победата во сојузните држави Охајо и Флорида, многу поддржувачи на Трамп веќе почнаа да слават, но, изборите сè уште не беа готови. Имено, поради фактот дека се знаеше дека огромната Калифорнија оди кај демократите, како и секогаш, тоа всушност значеше дека Трамп мора, по секоја цена, да ги освои Охајо и Флорида.

Она што синоќа го посведочивме е навистина историски настан. Без оглед колку за некои Трамп е симпатичен или антипатичен, на сите би морало да им биде јасно дека ова е поголемо од него. Ова е глас на новото време, процес во кој се мати поделбата на класична (центристичка) левица и десница. Наместо тоа, на површина избива една нова поделба, не хоризонтална туку вертикална - поделба на народ и поделба на естаблишмент, а тоа е една многу остра поделба во која народот победува и покрај неверојатните напори на естаблишментот да го зачува стариот поредок, постоечката парадигма.

Тешко е да се каже каков претседател Трамп навистина ќе биде, можеби ќе се испостави дека е крајно неспособен да ги одведе САД во пропаст, а можеби и пошироко. Но, една работа мора да му се признае, нему и само нему - почувствува, хируршки прецизно, од каде дува ветерот. Почувствува дека нешто „се крчка“ под површината, големо и силно, и дека би било добро баш тој да биде иконата која во клучниот историски момент ќе се наметне како симбол на промените.

Во тоа успеа со комбинација од соголен популизам, комбинирајќи со него некои многу паметни ставови, особено во поглед на надворешната политика. Со тоа ги опфати сите оние кои веќе се навлекоа на анти-естаблишмент револуција, иако мнозинството од нив никогаш не чуле за тој термин.

Дали е ова Брегзит 2.0? Да, и повеќе од тоа, многу повеќе. Но, и во случајот на Брегзит (1.0) гледаме како естаблишментот се обидува да влезе на задна врата и да ја саботира народната волја - кој вели дека истото нема да се случи и во САД? Кој вели дека Трамп по влегувањето во Белата куќа нема да стане само уште еден нео-конзервативец опасен по светот? Се сеќавате ли на Џон Кери и неговата кампања од 2004 кога изгуби од Буш? Тогаш навистина се чинеше како единствен спас од лудата политика на Џорџ, но денес, кога стана државен секретар, гледаме дека е само уште еден од низата милитаристички јастреби кој посвети години поддржувајќи ги исламистичките милитанти во Сирија.

Но, со сета внимателност со која ќе мораме да го следиме продолжението на американската политика, можеби Трамп навистина е симбол на промената, промена која би можела да направи многу позитивни нешта, пред сè да ја запре војната во Сирија.

Што да се каже за губитничката, Хилари Клинтон? Како што Трамп не е единствениот победник, туку целиот дух на новата анти-естаблишмент револуција, така ни Клинтон не е единствен губитник - губитник е целата компактна номенклатура која стоеше зад неа. Впрочем, може да се каже дека таа беше само марионета на истата номенклатура која се протега од Волстрит, меинстрим медиумите, фундаменталистичките блискоисточни финансиери, до американскиот воено-индустриски комплекс.

Таа номенклатура, која синоќа мислеше дека ќе има своја личност во Белата куќа, е поразена, поразена е од страна на американскиот народ и демократија. Иронично, таа номенклатура направи толку многу во изведувањето смена на режими ширум светот, а сега смена на режимот им се случи во сопствената земја.

Извор: Advance
Слики: Butcher Billy

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото