Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2017

11.12.2017 13:26
Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2017

Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ пристигнаа 24 ракописи од 22 авторки и автори.

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

 

1. Нина Насеска - Авантурите на Ела Вилсон

2. Јана Узунова - Вергина

3. Катерина Лулева-Бунтеска - Паралелни светови

4. Бенита Белешкова - Паралелни светови

5. Цветанчо Талески - Смееше ли нашата приказна да има надеж

6. Поезија Проза - Најголемото искушение на Дева Марија

7. Поезија Проза - Во центарот на мојата душа

8. Поезија Проза - Мудрости на мојата душа

9. Сотир Габелоски - Написи за еден локален режим

10. Благојка Пановска - Разбуди ме некој друг ден

11. Марио Савовски - Урбанон

12. Андреј Ал-Асади „Пеперутки“

13. Марија Грубор - Вишок Приказни

14. Теодора Спасовска - Ноќта во која се родив

15. Никола Попов - Откуп на злото

16. Милица Пауновска - Ресет

17. Костадин Делиниколов - Од страна

18. Лазар Стојановски - Маски

19. Драгана Коцевска - Деспотовата тајна

20. Гето Руди - Обид

21. Ивана Божинова - Светло на крајот на тунелот

22. Јелена Ристиќ - Приказни од Водно

23. Даниела Прнарова - Бев јајце од орел во кафез со кокошки

24. Христина Димоска - Крвава порака

 

За десетина дена ќе го објавиме списокот на автори кои ќе влезат во потесниот избор за доделување на наградата. Победникот ќе биде прогласен кон крајот на месец декември од страна на тричленото жири: Иван Шопов, Сања Михајловиќ Костадиновска и Давор Стојановски.

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка АД Скопје.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон (Кирил Минанов), Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло СвидерскиСања Михајловиќ Костадиновска и Ѕвездан Георгиевски.

ОкоБоли главаВицФото