Пејачот на утките

29.12.2017 15:50

Пејачот на утките одлута во темнината.
Го одмина уште една награда.
Таков беше и на училиште.
Претпочиташе темни ќошиња, се камуфлираше
со коса и уши на другите,
размислуваше за долги вокали, за глад,
за горчината на длабокиот снег.
Ваквите расположенија не привлекуваат сјај.

Зошто сум таков? Ги запраша сенките.
Овој пат тоа беа сенки на дрвја.
Зошто си го запустив животот?
Се отворив за твоите тишини.
Дозволив да ме поседуваат
бездушноста и перјето.
Голтав глувци.
Сега, кога сум на крајот, испразнет
од зборови и без здив,
ти не ми помогна.

Чекај, му рече утката безгласно.
Не постојат разлики меѓу нас.
Ти пееше од потреба,
како што пеам и јас. Пееше за мене,
за мојот честак, месечина, езеро.
Нашата песна е ноќна песна.
Малкумина се будни.

Превод: Зоран Анчевски

 

ОкоБоли главаВицФото