Вистинската приказна

16.04.2018 13:04

I

Не прашувај за вистинската приказна;
што ќе ти е таа?

Не тргнав на пат со неа,
ниту носам нешто како неа.

Тоа со што пловам е,
нож, син оган,

среќа, неколку добри збора
што сè уште ги бива, и плима.


II

Вистинската приказна се загуби
на патот кон плажата, таа е нешто

што никогаш не сум го имала, оној црн јазол
од гранки на променлива светлина,

моиве нејасни траги
што се полнат со сол

вода, оваа грска
ситни коски, оваа жртва на бувот;

месечина, стуткана хартија, паричка,
отсјај од некој стар излет,

шуплини издлабени од љубовници
во песокот пред стотина

години: разврска нема.


III

Вистинската приказна лежи
меѓу другите приказни,

каша од бои, како куп алишта
тргнати настрана или фрлени,

како срца врз мермер, како слогови, како
месарски отпадоци.

Вистинската приказна е злобна
и повеќезначна и невистинита,

на крајот на краиштата. Што
ќе ти е? Никогаш

не барај ја вистинската приказна.

Превод: Зоран Анчевски

 

ОкоБоли главаВицФото