НЕ – за пазарење со културата

18.05.2018 15:06
НЕ – за пазарење со културата

Почитуван Премиере и Пратеници во Собранието на Република Македонија,

Ви се обраќаме, од позиција на културни работници на кои КУЛТУРАТА им е професонална дејност, со цел да Ви посочиме дека Вашите решенија за и во полето на културата, кои – некои ги нарекуваат – Висока политика, односно стратешки чекори, за нас се само пазарење, и ние не ги прифаќаме!

НЕ –за културата на продажба,

НЕ -за културата да ја води партија, туку професионалците од полето,

НЕ –за манипулација и партиски пресметки преку културата,

НЕ -култура на (мртви) споменици,

НЕ -култура на поделби,

НЕ -за култура за сите по малце

НЕ -за култура на пoпулизам и бројки без вредносен систем и квалитет

И уште многу други НЕ содржани во претходниве.

Ние сметаме дека културата мора да доживее реформи, да ја обнови јавната сфера која е дерогирана и пропадната.
Културата и институциите МОРА да бидат автономни. А уметноста ослободена, или како што вели социологот и теоретичар Растко Мочник, единствено СЛОБОДНО ПОЛЕ.

На културата треба да и сe овоможи развој преку стратешки планови и политики, развиени од професионалци во секторот. Само таков третман на културата, може да вроди со резултати, долгорочни и стабилни, видливи во секоја пора на општествениот живот, признаени и прифатени од нејзините креaтори - уметниците и културните работници, заедницата и граѓаните.

Стратешкиот развој бара анализа, долгорочен план и континуитет во негово спроведување, а не брзи и професионално неиздржани промени кои го нарушуваат процесот на развој на културата и продуцураат фиктивни адхок резултати.

Доста ни е од партиски заробени институции, од продажби, од симулации на автономија, од поткупувања и докусурувања, од ШУТКАЊЕ на просторот за КУЛТУРА во некои маргинализирани, невидливи ќошиња.

Преку културата мора да развиваме, да инспирираме, да градиме дијалози, да се еманиципираме и образуваме. Мора долгорочно да градиме квалитетни културни системи и вредности, заедно, сите, и институционалната и вонинституционалната култура.

Културата и уметноста имаат политички, економски, историски значења и градат општествени вредности, без кои една средина ќе биде БАРА, а не ПЛОДНО ТЛО за РАЗВОЈ.

ДА

За КУЛТУРА на квалитет,

КУЛТУРА на соработка,

КУЛТУРА на еманципација,

КУЛТУРА на дијалог,

КУЛТУРА на вклученост,

КУЛТУРА на различности!

И уште многу ДА кои КУЛТУРАТА ја прават слободна зона за ГРАЃАНИТЕ на оваа земја!

Линк до петицијата: https://goo.gl/XCgbqj