Прогонство

29.03.2019 22:34

Заминувам в прогонство во самата себе,
Ти си мојата татковина
До која не смеам повеќе да се приближам,
Ти си земјата во која се родив
И во која научив да зборувам,
Единствено тебе на светот те знам.
Толкупати пливав во твоите очи
Излегувајќи на брегот со помодрено тело.
И толкупати пловев во твоите води јас
Демнејќи го пророчкиот клокот на крвта
Подготвен да ме потоне в небичас.
Ти си мојата татковина на земјата,
Само од тебе да се извишам знам.
Ти, господару мој, прекриен со шума
И лика-прилика на езерата,
Крају со кој владеев в дамнина
И во кој не можам повеќе да се вратам
Од себе, од сопствената туѓина,
Сонувај ме ноќе, лулај ме в соништа,
Дозволи ми ноќе да те населам со себе
Ко што мртвите гении ги населува мисла.

Препев: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото