Утринска елегија

26.03.2019 16:22

Отпрвин се зареков на молк, но утрото
Ве видов пред порти со раце пепел полни,
Небаре е жито ја фрлавте, ја сеевте,
И не издржав, крикнав „Што правите, што правите?“
Па јас за вас цела ноќ снежев над градот
За вас ноќта ја обоив во бело, о
Да знаете колку да снежиш е тешко!
Сношти, штом си легнавте, излегов вон,
Каков мрак и студ таму горе! Да одлетам
Морав во онаа единствена точка
Кај што празнината околу себе врти и заоѓа сонца,
И морав таму да тлеам уште малку
Та да се вратам назад и да ве заснежам вас.
Секоја снегулка ја смислив, ја измерив,
Ја повтев, ѝ дадов облик, ја болснав со глед,
Та сега од умора пекам по сон
И в треска тонам, болен и клет.
Ве гледам дури од згаснатото огниште
Ја сеете пепелта врз моето бело дело,
И еве, со насмевка на усни ви велам:
Или ќе фатат потешки снежења после мене
И сè што е бело на светот ќе ве сипе вас,
Та неговиот закон треба да го сфатите отсега,
Или ќе има невидени, грамадни снежења после нас
И нема да може да ви стигне пепелта.
Децата од мали ќе научат да снежат
Та белина ќе го прекрие вашиот одбив нејак,
И ќе се пробие земјата во ѕвездениот круг
Божем небесно тело од усвитен снег.

Препев: Лидија Димковска

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото