Животот во градовите

30.04.2019 05:43
Животот во градовите

 

Германскиот фотограф Мајкл Волф речиси триесет години се занимава со фоторепортажа, од кои осум години работел како дописник од Азија за неделникот Штерн. Од 2003 се посветил на личниот проект на фотографирање на животот во големите градови.

Волф се позиционира не само како фотограф на урбани струтури туку и на неочекуваните начини на кои луѓето се адаптираат и ја реконфигурираат оваа брзо променлива околина. Во време кога урбаното искуство станува сè повеќе хомогенизирано, Волф избрал да ја слави различноста на секој град кој го фотографира истовремено откривајќи ги универзалните особености на современиот градски живот.

 

Во Хонг Конг, тој ги фотографира фасадите на зградите чии рабови се наоѓаат надвор од кадарот, додека во илjадниците идентични прозорци не може да се види ниту една трага живот - само ретко, како некаков прекршок, парче завеса или облека што се суши. Архитектура на густина може да се толкува како реакција на проблемот со пренаселеноста во Хонг Конг, претставувајќи го вертикалното село со максимален ефект преку елиминирање и на небото и на земјата од рамката.

 

 

Подоцна, Волф добил пристап до собите внатре во Шек Кип Меи, најстариот станбен простор во градот, само два месеци пред неговото рушење во мај 2006. Но, за разлика од надворешните набљудувачи кои биле шокирани и згрозени кога ги виделе сликите на Мајкл од натисканите 100х100 соби, тој бил инспириран од адаптибилноста, инвентивноста и отпорноста на нивните жители. Неговите фотографии прикажуваат ќелии од десет квадратни метри во кои се стискаат луѓе доселени од село за да се вработат во Хонг Конг.

 

 

Во неговата серија за Токио тој не е фокусиран на архитектурата туку на лудоста на метрото во Токио. Ова е локација која му овозможува нови фотографии секоја минута. Секој ден илјадници луѓе влегуват во ова подземје на два-три часа, притиснати помеѓу стакло, челик и други луѓе кои патуваат до работното место и дома. На фотографиите на Волф гледаме безброј лица, сите во грч да го поднесат ова јасно лудило на свој начин.
Волф го припишува она што може да се нарече недоволно загриженост за своите субјекти на неговиот тренинг како фотографски новинар, што вели дека го научило дека упадот може да биде неопходен во создавањето уметност. Ова дистанцирање е највидливо во серијата Токио компресија.

 

Париз, на почетокот од неговиот престој таму, ја задушил креативноста на Волф со својата интензивна архитектура по улиците. На крајот тој ги открил париските кровови, нивната едноставна и пријатна геометриска убавина, во контраст со остатокот од градот.

 

 

Фотографирајќи го Чикаго од врвовите на зградите, открил дека ако ги зголеми фотографиите може да види што се случува во секој прозорец од секоја зграда. Во серијата Проѕирен град, архитектонската апстракција се судира со високо-технолошкиот воајаериам во студија на центарот на Чикаго.


 

 

 

Извор: www.photomichaelwolf.com  

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Фотографија
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Gif / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото