Која е целта на „Сардините“?

27.01.2020 00:20
Која е целта на „Сардините“?

Матео Салвини

Во Италија, на 14 декември грасрутс иницијативата „Сардини“ протестираше против десничарскиот лидер Матео Салвини. На првиот национален митинг на Салвини во Рим се собраа десетици илјади луѓе.

Движењето „Сардини“, именувано според способноста на учесниците да се збијат на градските плоштади, изразува гадење кое либералните Италијанци го чувствуваат кон Салвини и неговата антимигрантска односно антиевропска агенда.

„Нешто се менува во политичката панорама на Италија“, вели Матија Сантори (32), еден од основачите на движењето. Тој наведува дека нивна главна цел е борбата против апатијата и борбата за еднаквост, почитување на Уставот и зајакнување на италијанските институции како начин да се спротивстават на омразата и главните теми на Салвини: противење на имиграцијата, антагонизам кон Европа и зголемена безбедност.

Организирањето протести на „Сардините“ било поттикнало од ветувањето од кампањата на Салвини дека ќе го „ослободи“ либералното упориште Емилија Ромања на регионалните избори закажани за 26 јануари. Стравуваат дека ако Салвини победи таму, може да победи на кое било друго место.

Сантори наведува дека цел на „Сардините“ исто така е создавање грасрутс енергија. Движењето настојува да охрабри и зајакне некој етаблиран кандидат кој натежнува кон левицата, кој и да е, кој ќе му се спротивстави на кандидатот на Лигата на Салвини на изборите во Емилија Ромања.

Сантори наведува и дека движењето не сака да стане политичка партија, но додава и дека тоа не е сосема исклучено.

Матија Сантори

Салвини, кој минатото лето беше политички маргинализиран, ја води најстарата политичка партија во Италија. Има цврста поддршка и води софистицирана операција за освојување на областите кои се наклонети кон левицата.

Кон средината на ноември, Салвини требаше да ја започне партиската кампања во Болоња, во арена со 5 700 луѓе. Сантори и неколку негови пријатели одлучија преку Фејсбук да ги повикаат луѓето на „Flash Mob“ на болоњскиот плоштад, без транспаренти. Се надевале дека ќе соберат 6 000 луѓе; дојдоа 15 000.

Следните митинзи ширум земјата исто така се одржаа со полни градски плоштади. „Сардините“ ја пееја антифашистичката химна на отпорот, „Bella Ciao“.

Мирниот тон на демонстрациите му ја отежна работата на Салвини. Со растењето на движењето, „Сардините“ добија поддршка на која тимот на Салвини дефинитивно посветува внимание: Фејсбук профилот на Сантори има повеќе од 200 000 следбеници.

Салвини на почетокот се подбиваше со „Сардините“, пишувајќи на Твитер дека ги сака мачките зашто „јадат сардини“. Подоцна ја истакна демократската улога на протестите: „Колку повеќе луѓе учествуваат, толку подобро.“

Можно е да го променил пристапот заради анкетите кои покажуваат дека „Сардините“ лесно би можеле да освојат дури 17 проценти од гласовите.

Извор: New York Times/International Report