Медиум на друм (35): За „наркодејството“ на телевизијата

30.01.2020 20:50
Медиум на друм (35): За „наркодејството“ на телевизијата

Во врска со „наркодејството“ на телевизијата, и на лично ниво и во врска со делотворноста на рекламите и другите пораки, можеме да го кажеме следново.

Многумина и самите искусиле дека, додека гледаат телевизија, посакуваат да го пијат тоа кафе, тој пијалак, да ја пробаат таа чоколада или тие цигари (без разлика дали се работи за филм, тв-емисија или самите реклами). И на некој начин, колку помалку сме свесни дека во тие ситуации се „манипулира“ со нас, толку пораката е поделотворна.

Токму поради тоа и понатаму останува забранета техниката на „сублиминално“ или потсвесно рекламирање, како што е уфрлањето слики од некој производ што трае помалку од една осмина секунда. Ваквите ограничувања се доказ за општото уверување дека телевизијата поседува моќ да предизвика посакувана реакција без разлика дали гледачите се свесни за тоа или не.


Избор: Никола Гелевски
Гиф: Димитар Грчев
Превод: Фросина Крушкаровска
Извор: David McQueen, Television, 1998

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото