Медиум на друм (34): Колкава е моќта на телевизијата?

29.01.2020 14:23
Медиум на друм (34): Колкава е моќта на телевизијата?

Несомнено медиумите „влијаат“ врз публиката. Хуманитарната акција на Боб Гелдоф „Лајв Еид“ во 1985 година во еден ден собра милиони фунти за да им помогне на гладните во Етиопија. Серијата на Би-Би-Си „Против криминалот“ (Crime Watch) наголемо придонела за фаќање на криминалците, бидејќи се јавувале очевидци со сведочења, поттикнати од интересните прикази и реконструкции на злосторствата. Телевизиското рекламирање ја подобрило продажбата на илјадници производи, вклучително и некои, како што е маргаринот „Корона“ – за само една недела од лансирањето станал најпродаван производ. Следствено, не може да се порекне дека телевизијата влијае врз публиката. Сепак, аналитичарите на медиумите воопшто не се сигурни до која мера и во кој облик делуваат, ниту како ова делување навистина се одвива.

Контролирањето на телевизиските станици, покрај радијата или печатот, секогаш било на прво место кај оние кои сакаат моќ. Тоа јасно се гледа во периодите на граѓански војни или воени преврати. Оние кои директно ја спроведуваат оваа контрола многу јасно ја сфатиле моќта на телевизијата како средство за општествена контрола.

Попопуларните расправи за делувањето на телевизијата, кои инаку често е тешко да се избегнат, обично се занимаваат со многу потесни прашања на присуството на насилство или секс и дејството што таквиот материјал може да го има врз публиката, особено младата.


Избор: Никола Гелевски
Гиф: Александар Јосифовски
Превод: Фросина Крушкаровска
Извор: David McQueen, Television, 1998

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото