1011 hPa
55 %

16 °C
Скопје - Нед, 20.04.2025 20:59
Сами ја ковавме методологијата на креативен активизам, за да ја вклучиме јавноста - рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, историчарот на уметност, Никола Писарев.
Човекот кој што стои зад урбаните уметнички герила акции, како ајкулите што пливаат во Вардар, споменикот на диазепамот во центарот на Скопје, на риболовот во дупките на улиците, е гостин во студиото на „Слободна ТВ“.
Никола Писарев, историчар на уметност од Центарот за современи уметност во Скопје и активист во „Утрински брифинг“ говори за герила акциите, од 2015 година, ги спроведоа тој и уште неколку активисти и уметици и за последната акција во Битола, кога осамнаа натписи на улиците од типот: „Тендерска“, „Неископана“, „Кал до колена“, „Езерска, улица на илјада езера“.
„Тоа се вистинските имиња за голем дел од улиците во градот Битола. Целта е да се алармираат надлежните и да се сврти вниманието на граѓаните на некои од проблемите во општеството“, вели Писарев.
Извор: Утрински брифинг