Дом во куфер

03.02.20 11:42

Работејќи заедно со писателот Ахмед Бадр, архитектот и скулптор Мохамад Хафез ги слушал приказните за бегалските семејства кои живеат во Америка и помогна да се фрли светло врз нивните искуства. Како поранешни бегалци - Хафез од Сирија и Бадр од Ирак - велат дека ова е проблем близок до нивните срца. Резултат е делото „Неотпакуван“ (Unpacked) - емотивна мултимедиумска инсталација во која семејствата ги кажуваат своите искуства додека гледачите влегуваат во неверојатните модели на домовите што ги оставиле зад себе.

Секој модел, создаден од Хафез, е спакуван во куфер како симбол на багажот што овие семејства го носат со себе во новиот живот. Овие оставени простори стануваат остатоци од поранешниот живот што бил прекинат поради војна или граѓански немири. А бидејќи Хафез внимателно слушал за време на интервјуата со семејствата, кои често траеле и по шест или седум часа, го скицирал тоа што го слушнал. Користејќи го слушнатото, тој можел да ги обликува овие спомени во визуелна претстава што не остава никакви сомневања во врска со тешките околности со кои се соочиле бегалците.

Извор: mymodernmet.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Психологија / Стрип / Око
Живот / Око
Фотографија / Уметност / Око
Свет / Екологија / Око
Екологија / Живот / Око

ОкоБоли главаВицФото