1021 hPa
81 %
5 °C
Скопје - Сре, 22.01.2025 09:59
As-tu un perco?
Во војна информирањето станува исклучително важно и по правило се контролира од водачите на војната. Самите војници добиваат ограничени информации и тие најчесто се свесни за тоа и си градат сопствени паралелни системи за информирање, многу често базирани на гласини.
Во Првата светска војна („Големата војна“) француските војници по рововите се поздравувале со изразот: As-tu un perco? (Отприлика: што има ново?) Зборот perco се изведува од percolateur, францускиот збор за „апарат за кафе“ и истовремено од името со кое првите воздухопловци нагалено ги нарекувале своите мешести балони слични на тогашните апарати за варење кафе.
Оттаму тогаш за perco ја сметале и онаа вест која е (во фина алузија на Вергилиј кој пишувал за „фамите“) „брзоного и крилесто чудовиште“ и која, значи, била „едновремено и сомнителна и значајна“.
Тешко дека подобро може да се опише феноменот на гласината.
Текстот го уреди: Никола Гелевски
Гиф: Димитар Грчев и Александар Јосифовски
Извор: Lucien-Graux, Les Fausses nouvelles, 1918
Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.