Најуникатните улици во светот

19.11.2010 15:26
Најуникатните улици во светот

Најкратката улица во светот
(Ебезенер плејс, Штотска)

Ebenezer Place, во гратчето Вик, се смета за најкратката улица според Гинисовата книга на рекорди. Нејзината должина изнесува „цели“ 2,06 метри. На оваа улица постои само една адреса – Бистро број 1, кое е дел од хотелот Mackays, изграден во 1883 г. Ебезенер плејс за улица официјално била прогласена во 1887 г.

Најтесната улица во светот
(Шпреуерстрасе, Германија)

Spreuerhofstraße е најтесната улица во светот и се наоѓа во градот Реутлинген, во германската покраина Баден-Вуртемберг. Нејзината широчина варира од 31 до 50 сантиметри. Уличката била изградена во 1727 г. по реконструкцијата на градот откако бил зафатен од пожар во 1726 г. Таа е и официјално заведена во германскиот Државен регистар за земјиште како улица.

Најстрмната улица во светот
(Болдвин стрит, Њу Зеланд)

Baldwin Street се наоѓа во едно тивко предградие на новозеландскиот град Дунедин. Долга е 350 метри, а нејзината накосеност изнесува 19 степени или 35% (или поинаку кажано, на секои 2,86 метри таа се искосува за еден метар). Ова не било намерно направено од градителите на предградието, туку излегло сосем случајно при изградбата.

„Најпрекршената“ улица во светот
(Ломбард стрит, Сан Франциско, САД)

Lombard Street претставува најпрекршената улица, или со други зборови, улица која има најмногу цик-цак свиоци во светот. Таа е долга околу половина километар, а брзината на движење е ограничена на 10 км/ч. Изградена била во цик-цак положба бидејќи стрмнината на теренот, околу кој се наоѓа најскапиот станбен простор во Сан Франциско, изнесувала 27%, па било попрепорачливо да не се пробие во права линија надолу.

Најсложената клучка во светот
(Клучката Хари Прегерсон, Лос Анџелес, САД)

Клучката Judge Harry Pregerson Interchange се наоѓа во Калифорнија, и претставува една од најсложените клучки во светот. Овозможува влез и излез во сите патни правци и е составена од неверојатна мрежа мостови и автопатишта низ кои сообраќајот се одвива без застој. Во употреба била пуштена 1993 г.

Најшироката улица во светот
(9-ти јули, Буенос Аирес, Аргентина)

9-ти јули е националниот празник на Аргентина. На овој ден во 1816 г. таа се здобила со независност, и за да се одбележи овој голем настан Аргентина го именуваше главниот булевар во Буенос Аирес како 9 de Julio. Она што е чудесно околу овој булевар е фактот дека тој има девет сообраќајни ленти во еден правец (вкупно 18), а во средината има жардињери со вечно свежи цвеќиња.

Најдолгата улица во светот
(Јонг стрит, Онтарио, Канада)

Растојанието меѓу езерата Онтарио и Симко во канадската провинција Онтарио се мери преку должината на улицата која ги поврзува. Yonge Street се протега во должина 1896 км низ непрегледните канадски пространства. Таа и официјално е прогласена за најдолгата улица во светот.

Најзбунувачкиот кружен тек во светот
(Волшебен кружен тек, Свиндон, В. Британија)

Magic Roundabout бил изграден 1972 г. и се состои од пет мини кружни текови кои се наредени во круг. Неговото име потекнува од една популарна детска ТВ серија The Magic Roundabout. Изгласан е за најстрашниот кружен тек во Британија.

Извор: oddee.com

Браво

Браво

ОкоБоли главаВицФото