Објавена збирката кратки раскази избрани на „Бибер“

04.03.2020 11:03
Објавена збирката кратки раскази избрани на „Бибер“

 Објавена е збирката кратки раскази кои се избрани на третиот конкурс Бибер.

Третиот конкурс Бибер беше распишан во јануари 2019 година. На конкурсот пристигнаа 464 раскази на албански, македонски, босански, хрватски, црногорски или српски јазик. Во жирито беа Румена Бужаровска, Лејла Каламујиќ и Шкељзен Малиќи.

Првата награда ја доби расказот „Glava“ од Моника Херцег, втората награда ја доби расказот „Lito“ од Анте Сториќ а третата награда „Mačetom ćeš me, mačetom ću te“ од Тамара Ковачевиќ. Во збирката се и раскази на следните авторки и автори: Абид Јариќ, Африм Демири, Аида Шечиќ Незиревиќ, Анета Петрушевска, Беса Калаја, Бојан Тодоровиќ, Бојана Бабиќ, Димитрије Буквиќ, Драгана Ранѓеловиќ, Ернад Осмиќ, Габријел Делиќ, Гордана Стојаноска, Имер Топаница, Исидора Петровиќ, Луиза Бухарова, Мања Величковска, Марио Мерџан, Милана Гајовиќ, Никола Петровиќ, Слаѓана Нина Перковиќ, Стефан Славковиќ и Тихана Гамбиража.

Збирката со 25 избрани раскази можете да ја преземете во пдф формат на следниот линк.

Во план се три промоции на збирката Бибер 03: во Шибеник, Приједор и Призрен. Првата ќе биде во библиотеката „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник на 25.03.