Маж и жена чекорат

30.07.2020 14:02
Маж и жена чекорат

 

Маж и жена чекорат во млакиот ветар, искапени од светлината.

Откако се измиле и наситиле, таа му предлага да водат љубов.

Мажот се плаши од некоја можна несреќа, но таа го наговара и тој најпосле прифаќа.

По водењето љубов, мажот заспива. Жената останува прегрната до него.

Не гледаат како се отвора голема уста...

Устата на џиновска змија се појавува од водите со кои е прекриен светот и се склопува над нив.

Нурнати во темнината, мажот и жената стануваат жртви на најужасниот од сите стравови.

Брзо сфаќаат дека ќе мораат да живеат тука, во студената утроба на ѕверот.

Затоа учат да се снаоѓаат.

Таа наскоро забременува.

Добиваат момче. Потоа девојче.

Бидејќи се четворица, оброците се сè поретки, а опстанокот потежок.

Затоа таткото решава да ја убие жената, за да ја изеде.

Потоа ќерката ја зема за жена.

Синот го ослепува татка си додека овој спие, ископувајќи му ги очите со реброто на својата мајка, кое дотогаш го криел.

После тоа момчето и девојчето пробиваат отвор и бегаат од своевидниот затвор.

До неодамна беа деца... А сега маж и жена одат во пресрет на леден ветар.

Откако се измиле и напиле, таа му предлага да водат љубов.

Не ни забележуваат како се отвора големата уста...

Подготвил: П. Вулкански

Слики: John Kenn Mortensen

ОкоБоли главаВицФото