Финска предложува затворска казна за праќање несакани слики со сексуална содржина

17.11.2020 13:03
Финска предложува затворска казна за праќање несакани слики со сексуална содржина

 

Мажите кои праќаат непосакувани dick pics би можеле да служат до шест месеци затворска казна, според новиот закон предложен во Финска.

Се работи за измена на законот за сексуално вознемирување за да вклучи праќање фотографии со експлицитна содржинa, заедно со вербално и текстуално вознемирување.

Според тековно важечкиот закон, сексуалното вознемирување се смета за казниво дело само ако вклучува и физичко допирање. Иако некои извршувачи кои праќаат фотографии со сексуална содржина се процесуирани според државните закони за клевета, овој закон не е задоволувачк бидејќи не ја зема во предвид сексуалната природа на злосторството.

Истражувањето што оваа година го спроведе организацијата за заштита на детските права Plan International покажа дека 51% од 14 000 анкетирани девојки и млади жени доживеале сексуално вознемирување преку интернет. Од нв 35% примиле несакани сексуални или експлицитни фотографии или слики.

„Студиите покажуваат дека сексуалното вознемирување е прилично често и дека жртви на овј вид однесување се најчесто жени, па потребно е да се разгледа како треба со тоа законски да се постапува“, вели Сами Кириакос, советник од Министерството за правда.

Извор: Vox Feminae