Неверојатна побарувачка на книги за Трамп

05.01.2021 15:53
Неверојатна побарувачка по книги за Трамп

Откако во мај 2020 година беше објавена последната книга од серијалот „Игри на гладта“, насловена „Балада за птиците песнопојки и змиите“, беа продадени повеќе од милион примероци. Но мемоарите на Мери Л. Трамп за нејзиниот чичко, Доналд Трамп, под наслов „Too Much and Never Enough“ ( Премногу и никогаш доволно), успеаја да ја пробијата границата од милион продадени книги за само неколку недели.

Книгите за политичарите и владите не секогаш се сметаат за потенцијални комерцијални хитови. Но откако Трамп се всели во Белата куќа, книгите за неговата компанија, семејството, неговата администрација, бизнисот и неговата политика, па дури и за тоа како игра голф, се неверојатно популарни.

„Без оглед на вашата политичка позиција, нема сомнение дека силните чувства што ги предизвикува администрацијата на Трамп, ја зголеми продажбата на книги на ниво кое не сме го виделе во досегашната историја“, вели Кристен Меклин од „NPD Books“ компанија за истражување на пазарот.

На почетокот на мандатот на Трамп стигнаа големите новинарски експозеа, прво книгата „Оган и бес“ (Fire and Fury) од Мајкл Вулф, потоа „Страв“ (Fear) од Боб Вудворд, од која се продадоа повеќе од два милиони примероци. Потоа следуваа инсајдерските сведоштва за она што се случувало во Белата куќа, најчесто од автори кои работеле таму па дале оставка или биле отпуштени.

Тоа се, на пример, книгите на Ентони Скарамучи, кој на функцијата директор за комуникации во Белата куќа остана само единасет дена; на Клиф Симс, кој исто така се занимаваше со комуникации; на Омароза Маниголт Њуман, поранешна асистентка на претседателот; па на Џејм Коми, поранешниот директор на FBI; на Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност; како и книгата на Анонимниот, една по сè изгледа значајна фигура во администрацијата на Трамп.

Ова лето, книгата на Болтон се продаде во тираж од два милиони примероци, а онаа од Мери Л. Трамп во октомври го доживеа своето десетто издание.

„Успехот на политичките книги е директоно пропорционален со тоа колкава е поларизацијата во политичката сфера. А никој не придонесува повеќе за таа поларизација повеќе од Доналд Трамп“, вели Имон Долан, извршен уредник на издавачката куќа „Сајмон & Шустер“, која ја издаде книгата на Мери Л. Трамп.

Меѓу конзервативните автори кои го поддржуваат претседателот се Ли Смит и неговата книга под наслов „Перманентен државен удар“ (The Permanent Coup), потоа Грег Џерет со книгата „The Russia Hoax: The Illicit Scheme to Clear Hillary Clinton and Frame Donald

Trump“ (Руската измама: незаконскиот план да се испере Хилари Клинтон и да му се смести на Доналд Трамп). Непосредно пред изборите, Дејвид Хоровиц, пак, ја издаде книгата „BLITZ: Trump Will Smash the Left and Win“ (Блиц: Трамп ќе ја смачка левицата и ќе победи).

Во последните четири години излегле околу 1.200 наслови за Трамп. Споредете го тоа со околу 500-те наслови за поранешниот претседател Барак Обама и неговата администрација во текот на првиот мандат.

Се чини дека политичките книги успеаја да ја заздрават целата издавачка индустрија. Според „NPD BooksScan“, во 2020 година, продажбата на печатените изданија во САД се зголемила за околу 5 отсто во однос на истиот период во 2019 година.

Пред изборите во ноември, Трамп на Твитер, каде што има 86 милиони луѓе што го следат, им ја рекламираше книгата „Трамп и Черчил, бранители на западната цивилизација“ од Ник Адамс, но таа се продаде во само 2.800 примероци.

Кога Трамп мрази некоја книга, загарантирано ѝ е прво место на топ листите на најчитани книги, така што молете се да ве мрази Трамп“, вели Мат Латимер од агенцијата „Јавелин“.

Издавачите се надеваат дека ќе го капитализираат и интересот за новоизбраниот претседател Бајден. На големо се најавуваат книгите на новинарот Џон Хајлеман за изборите во 2020 година и доаѓањето на Бајден на претседателската функција; потоа извештајот на новинарот  на весникот „Атлантик“, Френклин Фоер, за првите 100 дена на претседателот Бајден; како и книгата на дописникот на „Политико“, Бен Шрекингер, за минатите трагедии, скандали и триумфи на семејството Бајден. За помладите политички зависници има и неколку детски книги за Бајден и потпретседателката Камала Харис, вклучително и сликовницата за Чемп и Мејџор, кучињата на семејството Бајден.

Поранешниот директор на F.B.I, James Comey ги промовира своите мемоари

Извор: The New York Times