Престанете да ги отпрекраснувате нештата!

22.09.2021 16:48
Престанете да ги отпрекраснувате нештата!

 

Убав инат е пола здравје.

 

 

Многу сум антигенична на крвната слика.

 

 

Колку е убав, воопшто не е тешко да му се верува.

 

 

Улицата е слепа пошо нејќе да гледа колку си изгубен.

 

 

Незаборавен лик е тој - речи го, како му беше името...

 

 

Битно јас сум емпатична, шо ме гајле за другите.

 

 

Пружив рака на дождот кога му беше најтешко.

 

 

Вадам заби - бејзболно.

 

 

Бисерите се збираат школски.

 

 

Меѓу павлака и кашкавал, границата е зденка.

 

 

Кога гуштерот дозна дека илегално го пренесов преку граница, ќе си гризнеше од пасошот.

 

 

Калапите од бонбониери се првите машини за пишување за деца.

 

 

 

Черепот и градниот кош се караат кој е поубав кафез.

 

 

Природен прираснувач за срце.

 

 

Сонот е обид на срцето да пумпа на евтина струја.

 

 

Сонот на секое јајце е да се отвара ко ф'стак.

 

 

Глуварче е растителна овца.

 

 

Птица која бесчујно го клука дрвото: плукајдрвче.

 

 

Престанете да ги отпрекраснувате нештата!

 

 

Слики: Matticchio

ОкоБоли главаВицФото