Изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал

15.10.2021 12:39
Изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал

Како дел од одбележувањето на јубилејот 40. Скопскиот џез фестивал, организира изложба на плакати за фестивалот под наслов „Complicate Simply!”

Изложбата ќе биде отворена в пoнеделник, 18 октомври, во Галерија МКЦ, со почеток во 19 часот.

„Станува збор за селекција од 24 креативни решенија за плакат, без хронолошки редослед, според нас, најдобрите во долгата историја на фестивалот. Посебна инспирација за оваа изложба е новото ремек-дело на Славимир Стојановиќ Футро, плакатот за годинешното, јубилејно 40. издание на „Скопскиот џез-фестивал. Изложбата содржи 24 избрани креативни решенија за плакат, без хронолошки редослед, според нас, најдобрите во долгата историја на фестивалот.

Скопскиот џез-фестивал е македонски бренд со убедливо најголем број значајни награди (над четириесет) на светските маркетиншки фестивали (вклучувајќи и Гран при на најпознатиот, во Кан). Визуелниот идентитет на Скопскиот џез фестивал му обезбеди препознатливост и исклучителен рејтинг во светот. Не само со плакатите туку и со видеоснимките (анимираните или оние работени на филмска лента), со монографиите, програмските каталози и со календарите – единствени во светот од тој тип. Благодарност до сите дизајнери и агенции (и оние што не се застапени на изложбата) со кои заедно ја градевме визуелната историја на фестивалот, и до кураторот на изложбата, Небојша Гелевски-Бане“, велат од Скопскиот џез фестивал. 

ОкоБоли главаВицФото