(И потоа, сѐ стана вода...)

17.02.2023 16:51

И потоа, сѐ стана вода
капки и млазови, околу нас
влага, барички, езерца
шлапкаме по подот
додека ни протекува кровот, над него
ниту еден облак, ниту еден знак
Роси од ѕидовите, врне од страните
од сите пукнатини навираат реки
Ни тонат колената, се излеваат вировите
и твоите раце стануваат вода
и кружат со витлите
Рамената и стапалата
ти се проѕирни и течни и пливаат кон струите
Истекува и твоето лице, бран по бран
Мојот одраз во неговата бистра вода
и оној во огледалото
ми кажуваат каде не сум
каде ме нема

 

ОкоБоли главаВицФото