Портрет

14.01.2020 18:22

Еден Украинец, викенд турист

го има моето рамо на фотографија

случајно влезено во кадар

додека барав пекара по варшавските улици

 

Друг, некаде во Кина

не знае дека во албумот чува дел од мојата коса

разбушавена од ветрот

едно попладне, крај реката Спарне

 

Моето стапало е врамено

во собата на еден тинејџер во Јужна Каролина

заедно со неговата Венди на плажата во Галиција

 

И моето чело и очи се таму некаде

закачени на сламените ѕидови на една пиварница во Арл

загледани во тебе (да не те изгубив?!)

додека молчевме на масата во облик на пресечено стебло

 

И на ниедно друго место на светот

мојот портрет не е толку целосен

 

ОкоБоли главаВицФото