Окно

13.03.2009 20:20
Окно

Сто години по зборовите на Цепенков, во „Окно“ ја имаме истата намера: да собереме и да објавиме барем 28 000 прилози! („приказни, обичаи, песни, преданиа за места...“)

Втората радост пак ни е иста: го шириме другарството. Оти, кој може да ни биде другар? Само оној што е заземен со збирањето на народните ни работи (ама и на „ненародните умотфоренија“:). Само оној кој може да ја осознае слачта на тие работи, оној што ќе се осмели да се спушта во нашето окно и да гледа низ него - тој другар ќе ни биде. Зборови на Димитрија Миладинов Има една интересна детска книга од 1957 година, од Џејмс Тарбер ( James Thurber ), под наслов: Чудесното О (The Wonderful O). Книгата зборува за гусари кои се искрцале на островот Оороо и кои, навредени што жителите немале доволно блага за тие да ги украдат, донесуваат одлука тирански да ја уништат заштитната буква на островјаните. „ And so the locksmith became a lcksmith, the bootmaker a btmaker... Books werw bks and Robinhood was Rbinhd .“ Јазикот на островјаните и нивната заедница биле разнишани, но на крајот доброто сепак победило. Ете, и тој мотив ни беше важен да го придвижиме ова „Окно“: во нашево општествено мртвило не се скиселени само идеите, волјата и надежта туку е умртвен (анестезиран од многуте политички инјекции) и самиот јазик со кој зборуваме. Не само што со нашиот „остров“ владеат гусари, туку токму нашите политички гусари дополнително не’ збрлавуваат крадејќи ни ги буквите (славниот наш „идентитет“) како камчиња под кутии од кибритчиња на Камени мост! Та решивме да го вратиме О-то. Да киднеме во окното? Или да издлабиме окно во мрачнава дупка?! Авантурата допрва претстои!

Фото: Наташа Гелева

 

Kolja- rara

Kolja- rara avis!!!!
Najgolema pocit!!!!!