1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 06:59
По 30 години постоење, првпат годинава Скопскиот џез фестивал го отвори – еден министер. Таа чест ѝ припадна на министерката за култура Елизабета Канчева Милевска. На отворањето, а веројатно и на некои од другите вечери, беше и претседателот Ѓорѓе Иванов. Не забележав, а можеби грешам. Дојде ли Канчева Милевска на отворањето со својот сопруг? Или дојде ли Ѓорге Иванов со сопругата? Всушност, не се сеќавам дали воопшто некаде се појавуваат со своите, како би се рекло, брачни другари. Освен, ако не се под некоја протоколарна принуда. Ако, де факто, ги знаеме сите нијански на фризурата на Канчева Милевска, зошто никој не знае како изгледа нејзиниот сопруг? Само два одговора постојат на овие прашања: Или политичарите ги држат затвоени своите жени и мажи по дома, или пак на жените и мажите им е срам да се појавуваат покрај своите брачни партнери во јавност. Кога човек зрело ќе размисли тешко му е да поверува дека нашите проевропски, а анти-Филе расположени политичари се толку назад во времето, па ги репресираат своите сопружници. Значи, ќе да е ова второто. А и не е за неверување. И мене, што не сум им ни во потесното, ни во поширокото семејство, ме фаќа срам кога ќе ги видам на отворањето на реновираниот лифт во втората зграда лево во населба Илинден, а камоли цело свое слободно време да го поминуваат со мене и плус да ме носат на нивните официјални забави.
И покрај ова, Скопскиот џез фестивал остана атипичен и во оваа ситуација. А имаше шанси да се качи уште повисоко на скалилата на вредносниот систем на власта, па дури и да ја доживее таа чест следната година лично да го отвори премиерот Никола Груевски во пауза меѓу пишувања две писма до еврокомесарот Филе. Но... за разлика од Струшките вечери на поезијата, на пример, Скопскиот џез фестивал, ете, ја испушти шансата да му напише протестно писмо на Филе за изоставувањето на придавката "македонски" од годинашниот извештај на Европската комисија.
Тоа, јасно, не го пропушти македонската кошаркарска репрезентација! Сите медиуми го цитираа острото писмо на кошаркарите. Небаре Обама му дал ултиматум на Иран да се откаже од нуклеарната програма. Не знам само дали светските медиуми или барем бриселските му дадоа таква важност на историското баскет-писмо. Затоа што може да се случи, не дај Боже, писмото воопшто да не стаса до Филе, па човекот да не биде свесен за санкциите што ќе му следат ако не го врати терминот "македонски" во официјална употреба. На пример, на следното европско првенство нема да учествуваме со дресови, кои гордо го носеа името "Витаминка", туку со дресови што ќе го носат името на "Џонсон Контролс", таа невидена инвестиција што веќе со години го носи бајракот на македонскиот инвестициски бум.
Кога сме веќе кај инвестицискиот бум, кошаркарите и тука носат голем дел од заслугите. Не се пропушти, имено, неверојатната можност недела дена да бидеме избомбардирани со огромниот успех на македонската политика – третото место на листата на "Дуинг бизнис" за услови за инвестирање, па вице-премиерот Ставревски не издржа да каже дека тоа е поголем успех од оној на кошаркарите. За фудбалерите не сакаше ни да зборува. Претпоставувам дека Ставревски навечер спие во дресот на Мекелеб, сонувајќи како на Грција и забива тројки, додека во неговата половина се гради челична одбрана од странски инвестиции.
Но, за разлика од успесите на македонската кошарка, кога сите светски медиуми пишуваа за "чудото Македонија", големиот успех на македонската политика, третото место на "Дуинг бизис" – листата, речиси воопшто не беше одбележен во светскиот печат. Ниту како "чудото FYROM", а камоли како Македонија.
Во меѓувреме, се прослави денот на ВМРО. Работно, како што доликува. Со продолжен викенд. А сега треба да се прослави и Денот на дрвото. Работно, како што доликува. Значи, која е разликата меѓу Денот на ВМРО и Денот на дрвото? Еден работен ден. Толку за посветеноста 24/7.
Ќе ме информира ли некој? Се случи ли веќе пропаста на светот? Ја преспав ли? Најавената пропаст на светот, ете, е уште една компаративна предност на Македонија. Верувам дека оваа Влада тоа ќе знае да го искористи во своите рекламни слогани за инвестирање во земјата: Ќе има пропаст на светот! Дојдете кај нас. Ние во просек доцниме половина век!
Во меѓувреме, протестите "Окупирајте го Вол стрит" уште траат. Тоа се протести против подивеаниот капитализам. Обидот и во Македонија да се организира такво нешто славно пропадна. Зошто? Затоа што во Македонија не постои капитализам, па според тоа нема ни што да подивее. Главниот работен погон, значи администрацијата, луѓето на државни јасли, не само што не е подивеена, туку од рака им лиже на владините функционери. Се разбира, ако во раката се смилуваат да стават по некое шеќерче. Со други зборови, кај нас нема подивеан капитализам, кај нас има припитомен социјализам.
Ме прашува еден колега од, како што сега велиме, опкружувањето – која е тајната на успехот на џезот во Македонија? Му објаснувам дека, прво, не случајно тука музиката е во неправилни ритми. Ние, едноставно, не сме научени да работиме било што правилно. А џезот? Па, џезот е подложен на импровизации. А Македонија? Македонија е составена од импровизации.
Извор: globusmagazin.com.mk
Фотографија: Маурицио Кателан
Немој немој што ми кажувш!!??
Испратено на 29 октомври 2011 од Levi beninНемој немој што ми кажувш!!?? Или на Белопета владата му ги купила сите блок влезници за следните 150 години, или му го пратила првиот порезник (да не го виде случајно во тоа кулисите? присетисе те молам), или пак (мора да е тоа), председателот има очекувано дека ќе настапи Трчулоска, како дел од најдоброто од Македонија. Друго нема.
А за Ставрески!? Те молам! Човекот се скрши од лобирање кај бившата му фирма да не прогласт за најамбиентална бизнис дестинација, си удри сам себеси аплауз (кога веќе на друг не му текнува) и скромно чека да се заврши три у палната порта, веќе еднаш да помине низпорта, оти повеќе не се издржува да се мота по капиџици.
Што е право, право. За денот на ве ме ре то, дури и тинЕХ не работеше. Тежок празник. Господ гледа. Та, не е како 11-ти октомври. Господ прошча ако работиш на комуњрски празник, ама за овај...!? (Ах, тин ЕХ, ах тин ЕХ, да ти го имам умо, ако пари немам ... сами ќе си дојдат)
Ха ха. Што покушаваш да бидеш
Испратено на 31 октомври 2011 од Георг ЉубчовскиХа ха. Што покушаваш да бидеш духовит кога не ти лежи? Пљукај си слободно, овие и даље ќе те објавуваат. Хелоу, никој не те објавува поради врвниот хумор и сатира.
Уште жалам за минутите од
Испратено на 06 ноември 2011 од Ова не е заебанцијаУште жалам за минутите од животот што ги изгубив читајќи го овој текст.