Потрага по нацистичкиот ум: Хитлер и Хес

16.08.2012 13:37
За книгата „Потрага по нацистичкиот ум: Хитлер, Хес и психоаналитичарите“, на Даниел Пик

Кога Рудолф Хес се извлече од неговиот Месершмит во едно поле во Шкотска, ноќта на 10. мај 1941 година, тој, со оглед на неговиот метод на влегување, патуваше со малку багаж. Доколку им веруваме на официјалните извештаи (а не постои нешто за авантурата на Хес, што не е оспорено), тој носел мапа, неколку фотографии од него и неговиот син и бизнис картичките од двајца германски пријатели. Немало други документи, дури ни документи за идентификација (Хес првично дал лажно име на луѓето кои го заробиле – збунета група луѓе, составена од фармер со вила и локален полицаец). Сепак, како што раскажува Даниел Пик, неговите џебови биле „полни со апчиња и напивки, вклучувајќи и еден чуден еликсир кој му бил даден од шведскиот истражувач, Свен Хедин, кој, пак, го добил од еден тибетански будист.“

Разгледана од страна на Советот за медицински истражувања следната вечер, колекцијата на Хес била опишана како „извонредна колекција лекови“, очигледно составена со цел да штити од „сите можни ѓаволски напади врз телото“. Таа била составена од опиумски алкалоиди, аспирин, атропин, Первитин, барбитурати, мешавина на соли и бројни хомеопатски производи, „кои биле толку разредени што било невозможно да се одреди што тие биле“. Извештајот заклучил, со пресметано потценување, дека Хес имал „чуден однос кон медицинската наука“.

Се разбира, мистеријата за Хес и неговата „мисија“ отишла многу подалеку отколку неговата фармакофилија, зашто, во прво време, задачата на разузнавачите била да се откријат неговите мотиви. Меѓутоа, како што Пик пишува во својата фасцинантна студија, неговата улога како пратеник (преговарач за мир помеѓу Германија и Англија, или, барем, тој така тврдел) и како разузнавач „набргу била надополнета со неговиот статус како пациент“. Потсетувајќи на „голем затворен мајмун“, како што го опишал еден од неговите психијатри, „заменикот фирер“ Хес го поминал остатокот на војната под будна опсервација, како редок жив примерок на „нацистичкиот ум“.

Дилемата дали може да се каже дека постои такво нешто како нацистички ум, па дури тоа да се опфати и објасни, лежи во срцето на книгата на Пик, која истражува како психоанализата била искористена во корист на политичката мисла за нацизмот и за настаните поврзани со тој феномен. Исто како што екипите на Блечли парк и разузнавачката служба на Армијата на САД се обидувале да ги пробијат тајните шифри на непријателот, така психоаналитичарите и психијатрите биле мобилизирани да ги дешифрираат несвесните мисли и фантазии, кои се сметало дека ја побудуваат нацистичката идеологија.

Аналогијата има свои ограничувања: првиот пристап е емпириски и научен, а другиот аморфен и шпекулативен. Енигматската шифра може да биде пробиена, додека енигмата на несвесното не може. Навистина, во четирите години форензично испитување, психоаналитичарите кои го испитувале Хес не успеале да стигнат до некакви кохерентни мислења за „подземните“ контури на неговиот ум. Дали имало потисната хомосексуална идентификација со Фирерот? Дали тој вршел Свенгали влијание врз Хитлер, или, пак, било обратно? Имал ли фиксација со мајка си? Дали неговиот подем во нацистичката партија потекнувал од триумфот на волјата или од нејзината елиминација? Дали тој бил луд? „Ниту една конечна дијагноза на Хес не траела долго без одредени измени“, пишува Пик. „Тој бил концептуализиран различно, или комбинирано, како опсесивен, хистеричен, параноичен и шизофреничен; како симулант, манипулатор и мечтател; високо невротичен; дистанциран и збунет; перверзен и фобичен.“

Психичката состојба на Хес се влошувала од ден на ден. „На неговите лекари набргу им станало јасно дека неговите анксиозности никогаш нема да можат реално да се успокојат,“ забележува Пик. Хес не успеал во својата мисија, тој бил воен затвореник, отуѓен од своето семејство, од својата земја, од својот љубен Фирер, тој бил подложен на постојано надгледување (дури и за време на ноќта). Какви реални заклучоци би можеле да се донесат во такви услови? Ситуацијата наложувала поширока дискусија (која во случајот отсуствувала) за психолошкото влијание на заробеништвото. Како што признава Пик: „Не секогаш било јасно дали тој бил испрашуван или психоанализиран, испитуван или дијагностициран.“

Обидувајќи се да ја истражат „реалноста“ на Хес, колку несоодветно тоа да било, и да ја откријат неговата потсвесна содржина, нели неговите лекари, во одредена мера, не ја модифицирале таа реалност? Употребата на „вистиносните дроги“ во 1944 година, иако со согласност на Хес, претставувало очигледно придвижување во таа насока. Но постоел и проблемот на суптилното влијание на психоанализата, кое се базира на идејата за сепството кое чувствува, придружено со истото сепство кое мора да ги набљудува истите тие чувства. Тоа може да биде еден исцрпувачки процес, а кај пациент кој бил кревок каков што бил Хес, тоа можело да создаде специфична патологија, па дури и нагласена форма на разделување. Шест месеци по неговото апсење, тој се повлекол од оваа компликација развивајќи (вистинска или лажна) амнезија. Потоа, тој станал најнепродуктивниот можен пациент.

Додека состојбата на Хес се влошила во Абергавени (тој таму бил преселен во 1942 година), Хитлер бил психоанализиран во Америка. Најчест услов за тоа е аналитичарот да се сретне со анализираниот, но бидејќи Хитлер бил зафатен со други работи, тоа не можело да се случи. Со одредени оградувања, но благодарен за повикот, фројдијанскиот психијатар Валтер Лангер во 1943 година ја прифатил понудата да напише таен извештај за Хитлеровиот ум. Оваа „дива“ анализа (во која пациентот е отсутен) била спроведена под покровителство на Воената разузнавачка служба на Америка (подоцна реконституирана во ЦИА) и таа претставувала предвесник на почетокот на едно долго партнерство помеѓу американкото разузнавање и психоанализата.

Лангер зборувал германски јазик (инаку, бил анализиран од страна на Ана Фројд во Виена во доцните 1930-ти години), а својот извештај го составил со помош на извори од втора рака. Резултатот неизбежно бил мошне шпекулативен, а неговиот ризик – дека Хитлер бил „тежок за дијагностицирање“ – не го заштитил од идните критики. Подеднакво неизбежно за еден Фројдијанец од тој период, Лангер ги лоцирал Хитлеровите (претпоставени) стравови и желби како производи на оралниот и аналниот свет во кој тој израснал; тоа биле неговите „фиксации“, „опсесивните области во кои неговиот нормален развоен процес заринкал“. Тој бил прогласен како неспособен за нормално генитално задоволство. Повторно, за ова не постоеле докази, но можноста дека Хитлер бил сексуално фрустриран, или можеби монорхиден (состојба кога само еден тестис е скриен во скротумот), била ентузијастички пречекана од страна на колегите на Лангер во Воената разузнавачка служба. Еден од валканите планови кои произлегле од службата бил заговорот за шверцување полови хормони во храната на Хитлер, со надеж дека тој потоа ќе оќелавел и дека ќе развиел тенок глас.

Извештајот на Лангер веројатно открил повеќе за психоанализата отколку за Хитлер. Тој бил дистрибуиран во повисоките ешалони на службата, но набргу бил оставен да собира прашина (на крајот бил отпечатен во 1972 година, со наслов Умот на Адолф Хитлер). Неговото влијание за време на војната веројатно било минимално, но неговото наследство може да се проследи дека извршило влијание во психолошкото профилирање на странските лидери, кое подоцна стана вообичаено во разузнавачката работа.

Пик не пишува за она што би можело да се случи кога Хитлер би бил на психијатрискиот кауч, ниту, пак, е разгледано поширокото прашање за автопсихологизирањето на нацистите. Споредбата на Хитлер и неговото самоубедување со „прецизноста и безбедноста на месечарот“ зборува за некаква свесност на несвесните процеси, исто како и фотографиите на Хајнрих Хофман, на кои Фирерот ги вежба неговите екстремни пози пред камерата. Хитлер можеби бил хистеричен, но сепак, сликите на контролирани грчеви упатуваат на свесна идентификација со неговите хистерични перформанси.

Но тоа не важи и за Рудолф Хес, ко, во времето на Нирнбершкиот процес станал „пакет од тикови и искривености“. Психијатрите од обвинителството процениле дека е доволно нормален за да му се суди, но голем број сведоци биле шокирани од неговата психичка состојба. Тој бил, како што пишува Ребека Вест, „толку очигледно луд ... небаре неговиот ум нема површина, небаре секој дел од него бил уништен, освен длабочината каде кошмарите живеат“. Сите обиди за реанимација на неговата меморија за време на сослушувањето не успеале: „Сево ова е магла“, липал Хес.

Описот на Пик за психијатриската димензија на Нирнберг плени. Тоа првенствено бил судски процес, „но клиничкиот поглед никогаш не бил отсутен“, а тој бил насочен кон затворениците, како кон индивидуи, но и како кон патолошка група. Откако ја виделе оваа „уникатна лабораторија“ за испитување на „хемијата“ на нацистичката елита, бројни еминентни психијатри „барале пристап до затворениците“. Некои дури предлагале сецирање на нивните мозоци, но главниот американски обвинител, Роберт Џексон, кој стравувал дека стрелањето би можело да претставува чесна смрт, се одлучил за бесење.

Огромната литература која произлезе од нацизмот – која вклучува и контра-литература која вели дека не треба да му обрнуваме толку многу внимание – зборува за своевидна патологија по себе. Како што пишува Пик: „Прашањето за тоа како нацизмот ги поттикнал желбите на луѓето е многу истражувано. Небаре самото прашање може да се разгледува како трауматичен проблем за решавање.“ Големото постигнување на Пик е во надминувањето на границите на една проста студија на нацизмот, кон една проширена медитација за различните системи на мислата и знаењето, и како тие се применуваат во потрагата по значењето.

Извор: www.guardian.co.uk

Каков ли психолошки профил

Каков ли психолошки профил Американците му исцртале на нашиот луд пастир?!

Одличен психолошки профил на

Одличен психолошки профил на пастирот има исцртано Пандалф Вулкански во книгата „Никола Груевски: 250 хаику“. Еве избор од пет:

Ах, предавнику!
Не чепкај во осарникот,
си вијам гнездо!

Цикот на шепи
по скршено стакло.
Не им се давам!

Сам си копам
дупка, ми чита циганка
од дланка. Нека!

Водач кон бездна?
Заматено зрцало
по туширање.

Налик на Љубчо.
Надгробна плоча на
гола гоголеа.

И Гелевски има цела серија

И Гелевски има цела серија текстови што многу придонесуваат за попотполн опис на нашиот пореметен водач. Еден од тие текстови е и Деспотот-дерле објавен на Окно:

„Деспотот најчесто е татко на нацијата. Повеќето тирани, автократи, диктатори си ја избираат улогата на татко, некој чиј збор мора да се слуша и беспоговорно да се следи. Како синови на нацијата или на народот се претставуваат помал дел од диктаторите и тираните.

Како што Република Македонија по многу нешта е сосема посебна, тешко споредлива и тешко предвидлива земја, така и нашиот актуелен деспот е раритен; во нашиот случај не станува збор за деспот-татко или деспот-син на нацијата туку за – деспот-дерле. Или дериште. Размазен нарцисоиден цмиздравец кој мора да добие сè што ќе замисли и што ќе посака. Потсетете се само на случајот „Скопје 2014“; наполно беа игнорирани стотиците критики од стотиците компетентни луѓе. Наполно беа игнорирани дури и ретките повици за разум од страна на содружниците на деспотот. На крај, некои од верните слуги дури паѓаа на колена пред своето возљубено тиранско чедо и молеа: „океј, пастиру, налет сите споменици, згради и фонтани, те молиме само за една единствена безвредна ситница: не ја прај Триумфалната капија, таа е ужасот, руглото, врвот на нашето лудило кое инаку феноменално го менаџираш и ти се клањаме за тоа!“ Знаеме сите, џабе беше паѓањето на колена; ене ја Триумфалната капија како историски пример до кој степен може да излезе од шрафовите едно време и еден народ впрегнат да ги извршува и најнастраните фантазии на своето премило дерле-деспот.“

Во истиот текст,

Во истиот текст, Деспотот-дерле, се спомнува интересната теза на Борис Буден кој Туѓман и Милошевиќ ги спореди со пермисивни мајки кои на „своите" палави деца им ги допуштаат сите свињарии, т.е. воопшто не им ги попречуваат на „своите" народи често многу опасните нагони; за разлика од Тито, кој бил „вистински" татко, пред сè, зашто знаел да ги ограничува опасните општествени нагони.
Црни Грујо, т.е. Златниот-Црниот, Малиот-Големиот, ќе да влече накај пермисивните мајки...

сам со себе си коментира

сам со себе си коментира

Кога го видов некрологот во

Кога го видов некрологот во денешен Дневник, се насолзив.

Ова е таква апла

Ова е таква апла бугараштовска местенка да треба да си одговараат уредниците што не ги читаат сите вести пред објава, споредните уредници како и сопствениците на весниците, Камчев и други лица кои имаат сопственост! Ако ова не се направи и ако не се најде, а лесно може да се најде подметнувачот, просторот на Бугарите им се остава да си ораат по МКД. Има траги, не може туку така да се објават вакви работи, од друга страна самиот текст е симптоматичен и неписмен. Садикарио е во право, закони за забрана се потребни, а сега е време да се види кој е Македпнец, а кој е Бугар во ВМРО!

Јас мислам дека се

Јас мислам дека се „расцмиздрени скопјани“, личи на нив по герилскиот начин и субверзивноста.

Статија за Хес на Окно на

Статија за Хес на Окно на 16.08, а после два дена некролог у Дневник.
I see what you have done here xD

Ај сеа нека се јави тој што го објави некрологот за Хес.

ма да ти ебам мамата у пичка

ма да ти ебам мамата у пичка фашистичка

Значи ти си тој што го објави

Значи ти си тој што го објави некрологот,а?

Ма да ти ебам све женско у фамилија шо е до 25 години!
Ти ебам тоа педерот нацистички.

Значи ти си тој што го објави

Значи ти си тој што го објави некрологот,а?

Ма да ти ебам све женско у фамилија шо е до 25 години!
Ти ебам тоа педерот нацистички.

Now I feel sutipd. That's

Now I feel sutipd. That's cleared it up for me

Слични содржини

Психологија / Теорија / Историја
Психологија / Теорија / Историја
Психологија / Теорија / Историја
Психологија / Теорија / Историја
Теорија / Историја
Европа / Историја

ОкоБоли главаВицФото