40 незгодни прашања за Европа

02.01.2013 09:08
40 незгодни прашања за Европа

4. Имате ли впечаток дека нашиот континент и понатаму постои, иако последните две илјади години исчезнаа динарот, талантот, гулденот, лирата и германската марка?
5. Знаете ли кој го склепал зборот евро, кој не постоеше до пред дваесет години?

Ханс Магнус Енценсбергер состави квиз за Европа. Многу среќа во одговарањето!

За што станува збор кога една интелигентна жена на висока функција ќе изјави: „Ако пропадне еврото, ќе пропадне и Европа“?

1. Закана?

2. Оправдување?

3. Глупост?

4. Имате ли впечаток дека нашиот континент и понатаму постои, иако последните две илјади години исчезнаа динарот, талантот, гулденот, лирата и германската марка?

5. Знаете ли кој го склепал зборот евро, кој не постоеше до пред дваесет години?

6. Дали можете да ги дешифрирате акронимите ЕЦБ, ЕФСФ, ЕСМ и ММФ?

7. Дали ви е познато дека од неодамна со многу европски земји не владеат демократски избрани институции, туку овие кратенки?

8. Дали вие ги избравте?

9. Дали тие се спомнуваат во некој европски устав?

10. Дали можеби сте известени дека одлуките на овие институции „немаат алтернатива“?

11. Имаат ли бездомниците, работниците или пензионерите право да пријават „финансиски потешкотии“ или е тоа резервирано исклучиво за членките на Еврогрупата, банкарските или телевизиските одбори?

12. Чии барања редовно се задоволуваат?

13. Дали во последно време сте го сретнале поимот „финансиска репресија“? Ако сте го сретнале, што се подразбира под тоа?

14. Кратење на пензиите?

15. Зголемување на даноците?

16. Простување на долговите?

17. Принуден данок?

18. Инфлација?

19. Монетарна реформа?

20. Дали ви се познати името и адресата на „пазарите“ кои им наредуваат на евроспасителите што треба да прават?

21. Мора ли крајбрежната стража да процени дали патниците на чамецот за спасување се „системски релевантни“, па дури тогаш да им помогне?

Дали се точни следните реченици?

22. „Моќта ја овозможува привилегијата да не мора да се учи.“ (Карл Дојч)

23. „Животот без устав е можен, но бесмислен.“ (Лориотс Мопс)

24. „Ние донесуваме некоја одлука, ја објавуваме и чекаме извесно време. Доколку нема голем протест, бидејќи мнозинството воопшто не разбира што сме одлучиле, продолжуваме понатаму - чекор по чекор, сè додека нема враќање на старото“. (Жан-Клод Јункер, шеф на Еврогрупата)

25. „Политичарите се како лоши јавачи кои до тој степен се окупирани како да останат во седлото, што воопшто не ги интересира каде се упатиле.“ (Јозеф А. Шумпетер)

26. Дали Европската комисија некогаш знаела што значи чудниот збор „супсидијарност“? Ако знаела, дали го заборавила тоа?

Што значи изразот квантитативно попуштање?

27. Вежбање јога?

28. Забрзување на печатарската преса?

29. Дали експертот за уставно право од Билефелд, е во право кога вели: „Ако имаш проблем, можеш да очекуваш само лешинари“?

30. Дали ви се блиски богатите метафори на евроспасителите, или можеби ви се чинат милитантни, конфузни или дури смешни? Дали би можеле да направите јасна разлика помеѓу чадор, лост, базука, противпожарна заштита и пакети за помош?

31. Дали сте убедени во тврдењето кое Карл Валентин одамна го формулираше: „Белким нема да биде подлошо отколку што е сега“?

32. Ако се испостави дека воведувањето нова парична валута довело до поделба наместо до обединување на Европа, до пораст на омразата наместо до разбирање, дали ќе го промениме курсот или ќе продолжиме со мотото „замижи и терај понатаму“?

33. Или е тоа незамисливо, зашто би значело дека одговорните политичари сериозно заболеле од нарцизам?

34. Постои ли Европа од онаа страна на институциите на ЕУ и нејзините 40.000 чиновници, или тие се единствените претставници на нашиот контитент чиј што глас се слуша?

35. Дали овие луѓе треба да одлучат кој ќе биде прогласен за „анти-европеец“?

36. Разбирате ли зошто европските политичари се однесуваат како никогаш да не би го потпишале Римскиот и Мастрихтскиот договор?

37. Верувате ли дека референдумите толку им пречат зашто би ги отежнале нивните напори за смирување на „пазарите“?

38. Дали демократијата е навистина толку лоша идеја, кога во нужда можеме и без неа?

39. Не покажува ли примерот на Кина дека во време на глобализација и без демократија може да се дојде до статус на светска сила?

40. Дали тогаш политичкото развластување на граѓаните е неизбежно, со придружната последица на економско развластување?

Извор: Frankfurter Allgemeine Zeitung

ОкоБоли главаВицФото