Бетмен како нарцисоиден хомосексуалец

17.08.2013 12:46
Бетмен како нарцисоиден хомосексуалец

Романот „Еротскиот живот на суперхероите“ е фан-фиктивно делo кое се фокусира на Бетмен, кој по долги перипетии конечно завршува со својот верен соборник и љубовник Робин.

Бетмен е портретиран како геј маж незадоволен од сексуалниот живот во врската, па наскоро како Брус Вејн започнува да го изневерува Робин со момците од геј клубовите, како и од добротворните вечери кои ги посетува со неговиот добар пријател Елтон Џон.

Марк Манкасола, авторот на книгата истакнува дека неговата намера не била да повреди или шокира, туку дека во книгата се обидел да ја истражи комплексноста на различните ликови во еден сосема поинаков контекст. „Бетмен отсекогаш имаше мрачна страна. Не би требало да биде доживеано како голем шок ако мојата верзија на овој лик портерира некој кој е склон кон чудниот фетишизам и дивиот секс“, напоменува италијанскиот автор.

Но Манкасола е свесен дека неговиот портрет на Мрачниот витез би можел да наиде на неодобрување кај верните обожаватели: „Бетмен во мојата книга не е многу симпатичен лик – егоцентричен, надмен, па на некој начин и преверзен“, истакнува тој, додавајќи дека се одлучил за ваков приказ на суперхеројот, затоа што тој е еден од неговите омилени ликови и смета дека овој пат треба да бидат прикажани неговите почовечки одлики. „И тој е човек. Тој ја отелотворува трагедијата која во современото општетство е поврзана со стареењето.“

Во книгата покрај главниот протагонист се појавуваат и Супермен и Мистик од Х-мен.

Ова секако не е прв пат некој да ја доведе во прашање сексуалноста на Бетмен. Претходно, еден од стрип-авторите во DC Comics, Грант Морисон говореше за геј-одликите на Бетмен: „Хомосексуалноста е едноставно вградена во Бетмен. Очигледно е дека е замислен како хетеросексуален лик, но целиот концепт врз кој се темели неговата личност е прилично геј. Мислам дека и затоа луѓето го сакаат“, истакнува Морисон.

Ова „контроверзна“ книга може да се набави преку интернет, а дел од фановите сигурно ќе бидат изненадени од деталниот хомосексуален портрет на Бетмен. Но можеби дел од ЛГБТ обожавателите на стрипот ќе бидат задоволни бидејќи барем неофицијално, ќе ја добијат потврдата дека еден од омилените „мрачни“ суперхерои е геј.

Извор: The Independant