Дизајн за хуманизирање на бездомништвото

25.09.2013 11:18
Дизајн за хуманизирање на бездомништвото

Станувањето и „правото на стан“ за повеќето луѓе е факт кој се зема здраво за готово. Планирањето на располагањето со просторот не секогаш се прави на промислен начин: сме биле сведоци на случаи од расфрлање со вишокот простор и вишокот станбени и деловни квадрати, т.н. vanity space, до цели градови-духови во кои никогаш не се населиле луѓе. Наспроти ирационалните простори и градови кои зјаат празни, како друга страна на медалот насекаде егзистираат луѓе кои очајнички настојуваат да го остварат своето основно право. Луѓето кои го изгубиле покривот над глава на некој начин го губат и својот идентитет, а исчезнувањето ги прави невидливи во општеството на кое припаѓаат.

Проектот „Signs for the Homeless“ на Кенџи Накајама и Кристофер Хоуп кои дејствуваат од Бостон и Кембриџ се насочува кон бездомниците од околината на нивните градови. Нивната работа се состои од тоа да ги редизајнираат натписите кои бездомниците обично ги држат пред себе барајќи работа, сместување, храна или пари, и да ја направат нивната порака поубава. Меѓутоа, крајната цел не е естетска: визуелно поатрактивната порака повеќе го привлекува вниманието на сограѓаните кои живеат покрај нас и со тоа оние кои не се во нивната животна ситуација на некој начин се принудени да ги препознаат, како и нивниот социјален проблем.

Иако свесни дека со еден проект нема трајно да го променат статусот на овие луѓе, Накајама и Хоуп барем ги прават повидливи за општеството.

Во првата фаза, проектот бил своевидна размена: уметниците им плаќале на бездомниците за нивните оригинални натписи кои ги „шминкале“ и им помагале да пронајдат работа во околината на Бостон. Со тек на време, многу од тие натписи престанале да бидат лицитирани само за пари, туку станале и продолжение на особеноста на бездомниците и нивен облик на самоистражување: бездомниците сами ги предлагале дизајнот и содржината кои станале повик на комуникација, разговор. Авторите велат дека општеството прво треба да ги хуманизира бездомниците, за евентуално да го реши проблемот на бездомништвото. Велат дека првиот чекор е да се препознае и да се прифати дека таа социјална група историски е исклучена од општеството и е предмет на предрасуди, како и фактот дека искуството на немање дом само по себе е дехуманизирачко. Со проектот се бара сочувство за луѓето кои станале бездомници поради разни причини. Следната фаза е најавена како директно решавање на проблемот.

Повеќе за проектот и уметниците може да погледнете овде.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн
Активизам / Графички Дизајн / Gif
Активизам / Графички Дизајн / Став / Живот
Графички Дизајн / Психологија / Живот
Активизам / Графички Дизајн / Уметност / Настан
Активизам / Графички Дизајн / Уметност

ОкоБоли главаВицФото