21 коментаторска фраза, со превод

30.09.2013 14:47
21 коментаторска фраза, со превод

1. Почетно испитување на силите - се играат 70 минути од натпреварот Миравци-Корзо, а топката и понатаму се врти во кругот на центарот од игралиштето.

2. Нозе уморни од подготовките - не од подготовките, туку од два литри Џони Вокер еден ден пред натпреварот.

3. Играчите и стручниот штаб не планираа ваков почеток (кога рано ќе примат гол) - па да, планираа да водат 3-0 околу 20-та минута, а после да се одмораат, бидејќи првенството е долго.

4. Доби употреблива топка - ова може да биде пријатна промена откако ќе добиете неколку дупнати.

5. Денес сите играат фудбал - се вели кога ќе испаднеш од Шамрок Роверс, чии играчи инаку точат бензин на пумпата на Шел во близина на Даблин.

6. Жежок домашен терен - навивачите врескаат, а судијата се наоѓа под латентен, но постојан притисок дека ќе му ги дупнат гумите на спачекот ако не досуди пенал-два.

7. Се навива фер и коректно - само понекогаш се слуша „мртов Шиптар, добар Шиптар“ и „каурски пички“, ама сѐ уште никој не убил никого.

8. Нападот е најдобра одбрана - збунка; нападот е напад, ама не е лошо да имаш и одбрана.

9. „Каков бразилски потег!“ - македонски фудбалер кој не е Горан Пандев, се обидел и успеал во неверојатната акробација наречена дриблинг.

10. Гостите влегуваат неоптоварени во натпреварот - кога ќе го слушнеш ова, знаеш дека коефициентот на гостите во кладилница е најмалку 8,50.

11. Ќе ја бараат својата шанса од контранапад - дрва се и не можат да излезат од својот шеснаесетник.

12. За жал, ова е нашата фудбалска реалност – популарна фраза во летните месеци, за време на квалификациите за евро-куповите.

13. Тренерот на домаќинот ги меша картите - става штопер-касап место десно крило, да ја шутира топката преку трибина и да го чува убедливото водство од 1-0.

14. Го плаќаме данокот на неискуство на меѓународната сцена и лесно добиваме картони - кога некоја будала од Хоризонт Турново ќе му удри копачка во глава на противничкиот играч; баш одраз на неискуството.

15. Вистинска штета е што една од овие екипи мора да испадне во полуфиналето - еби му мајката, ако влезат двете во финале, ќе биде мала гужва.

16. Почесен погодок - Баерн пикнал шест гола и после почнале да се заебаваат и примиле гол. Нема сомнежи, тоа во очите на многумина ја спаси честа на Мајнц.

17. Не успеваат да го наметнат својот ритам - коментаторот сака да каже дека македонските фудбалери не се физички подготвени да ја преминат својата половина.

18. Сѐ направи фудбалски - обично се кажува кога играчот шутира од прва и убива некоја птица на небото.

19. Така се изведуваат пенали! - со сета сила ја зашутирал топката во средина, високо, надевајќи се дека голманот не е толкав морон да остане во средина.

20. Одбранбените играчи рекламираат офсајд - четворица мајмуни стојат со подигната десна рака, наместо да го бркаат напаѓачот кој во меѓувреме дава гол, а после голот трчаат кон помошниот судија, му се внесуваат во лице и му врескаат. Потоа еден играч добива жолт картон и сите се смируваат.

21. Празник на фудбалот - исток полупразен, има малку луѓе на запад.

Адаптирано од tarzanija.com