Дедо Мраз во сликарски ремек-дела

17.12.2013 09:24
Дедо Мраз во сликарски ремек-дела

Американскиот уметник Ед Вилер го искористи претпразничниот период за да внесе комичен пресврт во некои од најславните дела од историјата на сликарството. Без страв од големите имиња како Леонардо Да Винчи, Микеланџело, Едуар Мане, Франциско Гоја, Сандро Ботичели, Едгар Дега, Караваџо, Рембрант или Магрит, Вилер активно се вклучува во нивните вредни дела.

Облечен во костим на Дедо Мраз, уметникот на еден комичен начин станува дел од ремек дела како Раѓањето на Венера, Ноќна стража, Создавањето на Адам, Час по балет, Појадок на трева...

Резултатот од неговата работа кој моментално е изложен во галеријата Bahdeebahdu во Филаделфија, може да го погледнете подолу.

Извор: www.edwheeler.com