Хеџинг

03.03.2014 14:17
Хеџинг

Израз од жаргонот на економската елита во време на казино капитализмот кој во екот на борбата против корпупцијата ги преплави таблоидите. Хеџинг, овде препеан и во хеџирање или хеџингување, доаѓа од зборот hedge, ограда од густо посаден честак, жива ограда (кога е непоткастрена, неисечена и замрсена, таа е плет, што би одговарало на сегашната употреба на зборот). Може да значи и да се огради, ограничи, па и спротивно, да се измолкне, измрда, покрие, сокрие.

Тој израз за оградување со жива ограда означува намалување на ризикот при трансакциите кои се извршуваат во странски валути, осигурување од непредвидливоста на девизниот курс, намалување на ризикот по имотот кој е искажан во странска валута, или осигурување од ризикот кој произлегува од работењето. Кога човек ќе купи осигурување за куќата, тој се хеџирал од пожар, кражба или други несреќни случаи.

Доколку постои опасност меницата да не биде наплатена на износот на кој гласи, или барем не до датумот на нејзиното доспевање, сопственикот на таа меница, ако не сака да го сноси ризикот, се хеџира така што ја продава меницата по нешто пониска вредност од онаа на која таа гласи. На тој начин тој го префрла ризикот на новиот сопственик, кој за прифаќањето на овој вид ризик остварува заработка - ако и кога ќе ги наплати побарувањата.

Хеџинг техниките често се комплицирани - вклучувајќи го и користењето на таканаречени финансиски деривати - опции и фјучерси. Фјучерси се договори за купување или продажба на стока чија цена е нестабилна, во одредено време по одредена цена. Опциите се вредносни хартии кои даваат право за купување или продажба на некој имот по договорена цена на одреден ден.

Инвеститорите хеџираат некоја инвестиција така што истовремено вложуваат во друга инвестиција која е во спротивност со првата. Тоа често го праваат приватните инвестициони хеџ фондови, кои со вложување во различни делови на пазарот настојуваат да ги обезбедат приходите на своите инвеститори, кои по правило во секој момент можат да се повлечат од нив.

Имаше предлози да се основа и една агенција за хеџирање. Еден котроверзен блогер и поранешен советник на многумина (Доналд Ласкин) напиша дека хеџирањето е „конспирација која ве одржува сиромашни и глупави“. Навистина, хеџиран т.е. хеџуван потсетува на нашиот геџован, ама тие нема да нѐ хеџираат, бидејќи ние не сме чувале овци.

А и немаме што да хеџираме.

Што, се оградувате од она што е напишано овде?

Извор: vreme.com

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото