Хороскопските знаци насликани од Салвадор Дали

04.03.2014 10:09
Хороскопските знаци насликани од Салвадор Дали

Во доцните 1960-ти години, познатиот издавач Леон Амиел нарачал од славниот Салвадор Дали дизајн за секој од дванаесетте знаци на зодијакот. Во 1967 година, Дали го сработил нарачаното - тринаесет потпишани литографии (заедно со насловната страница) кои ги објавил во само 250 примероци.

Оригиналните изданија и денес повремено можат да се најдат на разни аукции, по прилично високи цени.

Без разлика дали веруваат во астрологијата или не, голем број луѓе во целиот свет ги ценат хороскопските знаци насликани од Салвадор Дали, кој е вистинска икона на XX век.

Сродни статии:

Илустрации на Салвадор Дали за „Ромео и Јулија“ од Шекспир
Илустрациите на Салвадор Дали за „Алиса во земјата на чудата“