Трансформација низ креација - прва самостојна изложба на Дороти Пaчкова

29.09.2014 10:10
Трансформација низ креација - прва самостојна изложба на Дороти Почкова

Центарот за современи уметности Скопје ја најави првата самостојна изложба на уметницата Дороти Пачкова, насловена како „Трансформација низ креација“.
Пачкова како млад уметник преку ликовниот израз на своите дела се обидува да ја пренесе духовната ерозија на денешницата и изместените вредности успешно спакувани во нихилистички превез, како и активната улога на уметноста како енергија фатена во костец со овие општествени состојби.

Изложбата ќе се одржи во мобилната/монтажна галерија сместена во паркот на франкофонијата, а ќе биде отворена на 1 октомври (среда) во 19:00 часот.

Изложбата ќе биде поставена секој ден од 13:00 до 16:00 часот, сè до 5 октомври. На отворањето на изложбата авторката ќе изведе ликовен перформанс во интеракција со посетителите.

Делата кои ќе бидат изложени се работени во периодот 2013/2014 во техника акрил.