Се најавува голем контрапротест на студентите од Правниот факултет во Башино Село под мотото: „Сакаме екстерно!“

23.10.2014 10:31
Се најавува голем контрапротест на студентите од Правниот факултет во Башино Село под мотото: „Сакаме екстерно!“

Башино Село, 23 октомври 2014

Четворицата студенти на Правниот факултет во Башино Село, како и двајцата од дисперзираните студии во Папрадиште, најавуваат масовен контрапротест како одговор на протестот на студентите во Скопје против екстерното тестирање. Контрапротестот, под мотото „Сакаме екстерно!“, ќе се одржи пред универзитетската кооперација во селото.

„Протестот е едногласен. Сите четворица студенти на факултетот сме едногласни дека екстерното тестирање е за доброто на сите, особено за нас кои решивме да се запишеме на факултет по секоја цена, иако за тоа немаме никакви услови, и си ги полагаме испитите без врски и без подмитувања на професори. Особено сме задоволни што и нашите колеги, сите двајца, од дисперзираните студии во Папрадиште, решија да ни се приклучат. Имаме најави дека поддршка ќе стигне и од тројцата колеги од Универзитетот за информатика во Јосифово, но сè уште не знаеме дали тие ќе допатуваат на контрапротестот“, вели Софија Платонова од Башино Село, студент во одделот за меѓународно право и меѓународна политика при Правниот факултет во ова село.

На контрапротестот е најавено дека ќе присуствува и ќе се обрати заменик-министерот за образование Спире Ристовски, кој ќе најави дека паралелно со екстерното, отвораат уште три нови универзитети во Будинарци, Жилче и Велмевци.

Извор: www.kozanostra.net

Слични содржини

Активизам / Став

ОкоБоли главаВицФото