ДУИ ги повлекува сите функционери од тендерите

01.04.2016 01:44
ДУИ ги повлекува сите функционери од тендерите

Скопје, 1 април 2016

Демократската унија за интеграција ги повлекува своите министри од тендерите, провизиите и бизнисите со ВМРО-ДПМНЕ, соопшти вечерва Артан Груби на својот Фејсбук профил.

„ДУИ во следните неколку дена ќе ги извести меѓународната заедница и локалните власти за промените во нејзиниот бизнис модел“, напиша Груби на својот фејсбук профил.

Под известувањето, Артан Груби објави селфи со Али Ахмети во позадина, кој беше маскиран во одговорен политичар, бидејќи партијата заседаваше ноќта спроти 1 април.

„ДУИ исто така ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите маркетинг стратегии во наредните денови“, се наведува во соопштението на долгогодишниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, она што ја прелеало чашата во ДУИ бил падот на акциите на тендерската коалиција на светската и македонската берза, а притисокот на економското крило во партијата бил голем.

Слика: Странски служби