Македонските дизајнери ќе учат од најнаградуваниот дизајнер на Балканот

10.05.2016 14:26
Македонските дизајнери ќе учат од најнаградуваниот дизајнер на Балканот

ШУНД и Скопје постер фестивалот ја објавуваат соработката во рамки на 7. ШУНД Фестивал кој ќе се одржи во Белград (ДКСК – Дом на културата Студентски град) помеѓу 19-22 мај 2016 година.

Во рамки на фестивалот, Плакарт ќе ја покаже изложбата на постери од 8. Скопјепостер меѓународен студентски конкурс за плакат на тема „Сите за луѓето со хендикеп“. Останатите содржини вклучуваат учество на Комбинарт – неформалната група на уметнички активисти од Шабац; Квака театарот кој се бави со невербални претстави и перформанси поврзани со сликарство, графика, вајарство; Поезин – проектот чија главна преокупација е продукција на впечатлива слем поезија и поетски збиднувања и Инекс циркусот – кој одлично ги комбинира уличниот театар, танцовиот театар и современиот циркузантски сценски перформанс.

Специјален гостин на годинешното издание на ШУНД фестивалот ќе биде Славимир Стојановиќ, за кого не е потребно посебно претставување пред македонската дизајнерска фела. Славимир ќе одржи дводневна работилница (20 и 21 мај) на кои освен што учесниците ќе имаат можност да се запознаат со неговите најнови проекти и проектите на неговото студио Футро, ќе работат заедно со него на плакат на две теми: „Криза на идентитет“ – тема на 9 . Меѓународен студентски конкурс за плакат и 7. ШУНД конкурсна тема – „Ако е умереноста мана, рамнодушноста е злочин“.

Делата кои ќе бидат изработени на работилниците ќе бидат изложени во рамки на 7. фестивал ШУНД, како и на 9. Скопје постер фестивал кој ќе се одржи кон крајот на ноември 2016 година. Програмата и пријавувањето учество за работилницата со Славимир Стојановиќ: http://skopjeposter.com/mk/nastani/

Во текот на саботната вечер (21 мај) планирана е забава со цел дружење помеѓу дизајнерите од Македонија и Србија.

Програмата на фестивалот: http://sund.rs/1034421/wp-content/uploads/2016/05/program_2016.pdf

Слични содржини

Графички Дизајн / Култура
Графички Дизајн / Око
Графички Дизајн / Око

ОкоБоли главаВицФото