Bare Origin – искрена, чиста, и вешто подготвена природна козметика

16.10.2016 12:20
Bare Origin – искрена, чиста, и вешто подготвена природна козметика

Вечерва (недела, 16.10), во 19 часот, во просторот на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе се одржи промотивна забава на која ќе биде претставен еден поинаков, 100% природен начин на нега на кожа. Станува збор за неодамна формираниот бренд Bare Origin, од страна на Нена Стојова која живее и работи во Шведска.

„Изминативе шест месеци работев напорно за да го создадам брендот од моите соништа, Bare Origin!
Сè започна од скромната желба да ги споделам скриените богатства од шкафот во мојата бања со светот и да ја креирам линијата природни производи за нега на кожата што посакував да ги краси полиците. Чиста, транспарентна, искрена!“ - вели Нена Стојова. 

За време на настанот посетителите ќе имаат прилика да проследат филмска премиера на убавиот краток документарец за најскорешно ботаничко истражување на Стојова на дивата мароканска пустинска ружа. На промотивната забава ќе има бифе со бесплатна сирова и супер храна заедно со избор на бесплатни пијалоци, музика и диџеи во текот на целата вечер, а ќе бидат изложени и тестери – производи за продажба.

За брендот:

Bare Origin е линија за нега на телото составена од моќни, 100% природни и традиционално користени состојки, искомбинирани според потребите на кожата во урбани услови.

Со фокус на општествена и еколошка одговорност, Bare Origin транспарентно ги набавува состојките од мали, семејни бизниси од разни краишта на светот. Потоа сè се спојува во едно мало студио во Стокхолм. Секое шише се обликува со душа од почеток до крај и со себе носи приказна за надеж за животната средина, посветла иднина за производителите и поздрава кожа без токсини за сите што се разгалуваат со производите.

Повеќе околу новиот бренд Bare Origin можете да дознаете на следниот линк: Bare Origin skincare

Извор: Фејсбук