Лица

15.09.2017 11:58

Каква благост Каква болка
на дното од едно лице вчера
Би сакал да го покријам
со широк килим од снег
тој овоштарник на мојата нежност
таа бавча со зеленчук

Има лица закопани во ѕидови
Има лица со широка и безнадежна разголеност
Има длабоки и молчаливи како ходници на некој
рудник
и други како бродови на кои луњата им го скршила
јарболот

Она што го сакам тоа се лица без крај
бескрајни лица

Го сакам на лицата она што е благо и што го покрива
она што е цврсто
Сакам кога има нешто камено и нешто мовесто
или подобро
кога дивата лоза и повитот ќе покријат некое тело и ќе
се испреплетат цветајќи на сите страни
врз едно камено лице
На крајот за да ми се допадне лицето треба да го носи
белегот на љубовта

ако не тогаш нема ни лице
Го сакам лицето положено лесно врз телото на млада
жена
Треба лицето да биде неопходно продолжение на нозете
на стомакот на дојките
како што бранот што доаѓа да се раскрили на песокот
од брегот е продолжение на другите бранови од
морската шир
треба лицето да биде слика на плодотворноста

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото