Долорес О'Рирдан (1971-2018)

17.01.18 14:11

Долорес О'Рирдан, пејачката на Кренберис, почина на 15 јануари возраст од 46 години. Причината за смртта не е откриена, а медиумите јавија дека починала ненадејно.

Ти-ем-зи потсетува дека Долорес во 2013 година се обиде да се самоубие, велејќи дека страда од депресија, а ѝ беше дијагностицирано и биполарно растројство. Долорес рече дека верува оти некои од нејзините емоционални проблеми потекнуваат од злоупотребите додека била дете.

Објавуваме дел од нејзиниот последен настап со Кренберис на 20 мај 2017 во Лондон.

Слични содржини

Музика / Око
Музика / Око
Музика / Око
Технологија / Музика / Око
Музика / Око

ОкоБоли главаВицФото