Не дозволувајте децата мигранти да скапуваат во притвори

15.09.2018 01:13
Не дозволувајте децата мигранти да скапуваат во притвори

Ако администрацијата на Трамп успее да ги донесе новите прописи, децата на мигрантите ќе може да се држат во притвор на неодредено време.

Кога се работи за мистериите на човечкиот мозок, досега се добро познати фазите на неговиот развој. Раното детство и адолесценцијата се клучните периоди за невралниот развој. Исто како што довербата и стабилноста можат да помогнат за тој раст, стравот и траумата можат да го попречат. Особено институционализацијата може да има длабоки и штетни ефекти и во голем број случаи да предизвика заостанување во развојот и психијатриски нарушувања кои тешко заздравуваат, или заздравувањето да стане невозможно.

Во светло на овие сознанија, најновиот потег на администрацијата на Трамп против децата-имигранти е особено вознемирувачки. Минатата недела, Одделот за внатрешна безбедност (Department of Homeland Security) предложи нови регулативи кои ќе овозможат владата да ги приведе децата на мигрантите на неограничено време. На претставниците на власта досега им беше забрането да ги затвораат малолетниците имигранти на повеќе од 20 дена, според одредбата позната како „Флорес“ одлука, која важи од 1997 година. Според новите правила, ова решение ќе стане неважечко и најверојатно ќе се отвори простор за зголемување на бројот на центрите за приведување деца во земјата.

D.H.S. тврди дека со елиминирањето на одредбата „Флорес“, службениците ќе спречат илегална имиграција, сметајќи дека ќе биде помалку веројатно недокументираните возрасните лица да влезат во земјата и да се населат ако знаат дека не можат да избегнат долгорочен притвор заради тоа што имаат дете. Имиграциските активисти велат дека вистинските цели на предложеното правило се поедноставни и многу полоши: „Тие сакаат да ја оневозможат и последната заштита за приведените деца на имигрантите", вели Омар Јадват, директор на американскиот Проект за права на имигрантите на Американската унија за граѓански слободи (American Civil Liberties Union’s Immigrants’ Rights Project).

Дури и со одредбата „Флорес“, заштитата се покажа недоволна. Засолништа за млади мигранти има околу стотина. Во тие установи во кои живеат повеќе од 10.000 малолетни лица низ целата земја, условите се нехумани и тие се сомничат за долга листа на злоупотреби, вклучувајќи физичко малтретирање, сексуална злоупотреба, бесрамно медицинско занемарување, насилно вбризгување на антипсихотични лекови, незаконско ограничување на деца во неволја и строги правила кои забрануваат дури и браќа и сестри да се прегрнуваат еден со друг. Засолништата за кои станува збор, од кои неколку се соочуваат со тужби, се дел од мрежата која добила милијарди федерални долари само во изминатите четири години. Парите продолжија да доаѓаат дури и кога се зголеми и бројот на наводи за злоупотреба.

Администрацијата е единствениот виновник за овие прекршувања, заради нејзината катастрофална и краткотрајна политика која што предизвика руинирање на системот кој и претходно имаше многу проблеми. Федерални функционери треба да се срамат и да одговараат, иако работат напорно за да ја отстранат штетата од таа политика и да спречат понатамошно повредување на децата под нивна надлежност, тие не смеат да заборават дека тоа дека вистинската работа што треба да ја направат и според голем број меѓународни договори и норми.

Простор за рекреација на деца мигранти во Бронсвил, Тексас

Но, поверојатно е нивниот најнов план да ги влоши постојните проблеми отколку да ги реши. Предложените прописи ќе го отстранат условот дека центрите за притвор се подложни на државни инспекции и ќе го ограничат кругот на роднините со кои децата ќе можат да бидат ослободени.

Така, со новите прописи децата ќе можата да бидат ослободени само ако одат кај родителите или законските старатели - нема тетки, чичковци или други членови на поширокото семејството. Исто така, овие нови правила ќе ја наметнат потребата од проширување на капацитетите: Овие проекти што ги водат администрациите на царинските, граничните и имигрантските служби ќе го зголеми обемот на семејниот притвор од 3.000 легла на 12.000. Бројот на засолништа за непридружувани имигрантски малолетници, исто така, најверојатно ќе се зголеми.

Предлог решенијата ќе бидат отворени за јавни коментари во следните 60 дена пред да бидат финализирани. Читателите кои сакаат да ја регистрираат својата загриженост можат да го сторат тоа на веб страната на Федералниот регистар.

По овој период, речиси е сигурно дека оваа работа ќе заврши на суд. Набљудувачите велат дека истиот судија, кој пресуди против претходните обиди за поткопување на одредбата „Флорес“, веројатно ќе го спречи и овој обид.

Која е вистинската причина што го мотивира овој потег и што значи тоа во крајна линија? Администрацијата сигурно знае колку е тешко да помине овој предлог, кој несомнено ќе ја разбранува политичката база на претседателот Трамп како пристап на претстојните избори.

Така, додека администрацијата на Трамп си игра политика, благосостојбата и животите на илјадници деца кои дојдоа во Америка барајќи заштита и сигурност ќе бидат изложени на ризик - денес и развојно, до крајот на нивниот живот.


Извор: Коментар на уредничкиот одбор на „The New York Times“