Фернандо Кобело

22.03.19 01:48

Фернандо Кобело (Fernando Cobelo) е илустатор од Венецуела, кој живее и работи во Торино, Италија. Тој е познат по своите дефинирани, есенцијалистички, чисти, понекогаш дури наивно детски илустрации и цртежи.

Тој црта универзуми исполнети со надреалистички сонови и живописни кошмари кои се предизвик за умот и чувствата на гледачот. Во тие наивни линии и облици, лесно може да пронајдеме фрагменти од себеси.

Кобело е роден 1988 година, но досега работел на голем број различни проекти: едиторијали, книги, реклами, мурали, а освен во Италија предавал цртање во уште седум држави низ светот.

Неговите дела биле изложувани во Рим, Торино, Милано и Барселона.


Извор: fernandocobelo.com

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото