Од исток, светлина

19.04.2019 13:08

Куќата се тресеше и викаше цела ноќ.
Пред утро, стивна. Децата,
барајќи нешто за јадење, се пробиваат
низ лудилото на дневната соба
до лудилото на кујната.
Таму е татко, спие на каучот.
Тие застануваат, секако, да го погледнат.
А кој не би? Го слушаат неговото силовито ’рчење
и јасно им е дека стариот начин на живот
одново заживеал. И што е уште ново?
Вистинската катастрофа, она што ги шокира,
е нивната божиќна елка, превртена.
Лежи пред каминот.
Елката која заеднички ја китеа.
Сега е уништена, украсите и салон-бонбоните
растурени се по тепихот. Како се случило тоа?
Гледаат дека татко го отворил
својот подарок од мајка. Јаже
до половина извлечено од убава украсна кутија.
Обајцата нека се обесат, она е
што би сакале да кажат.
По ѓаволите со тоа, и
со нив, си мислат. Во меѓувреме,
тука е корнфлексот на полица, млекото
во фрижидер. Ги носат своите чинии таму
каде што е телевизорот и ја наоѓаат својата програма,
обидувајќи се да го заборават целиот крш околу себе.
Звукот се засилува. Погласно, потоа уште погласно.
Татко се врти и стенка. Децата се смеат.
Засилуваат уште малку, така за да биде сигурен
дека е жив. Тој ја подига главата. Почнува утрото.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото