Колку денес е потопол градот во кој сте се родиле отколку на денот на вашето раѓање

19.06.2019 00:25
Колку градот во кој сте се родиле денес е потопол отколку на денот на вашето раѓање

Њујорк Тајмс направи онлајн апликација во која можете да го внесете местото и годината на раѓање за да видите колку денес тоа место е потопло отколку кога сте се родиле.

Да, ќе се вџашите и можеби ова ќе ни помогне на сите да сфатиме што ѝ направивме заедно на планетата за толку краток временски период.

Сепак, полошо од споредувањето некогаш и сега е делот од апликацијата кој се занимава со предвидувања за тоа какви би биле деновите допрва. И ќе ви го кажеме само ова: многу врели.

Линк до апликацијата.

Во целиот свет, високите температури почнаа да го зголемуваат ризикот од заболување, па и смрт, особено кај постарите луѓе, бебињата и луѓето со хронични заболувања. Луѓето кои работат надвор исто така се под ризик, но ризикот не ги заобиколува ни луѓето во земјите во развој кои работат во простории без клима уреди или други видови ладење.

Она што го покажува оваа апликација е зголемување на бројот денови со температура над 32 степени, и тоа е она што претставува најголем проблем, особено во земјите со зголемена влажност, затоа што човечкото може самото да се излади во жешките денови, но не и во деновите со високи температури и зголемена влажност.

Извор: https://www.6yka.com

ОкоБоли главаВицФото