Корупција на американски начин: „квид про кво“ за импичмент на Трамп

22.11.2019 12:59
Корупција на американски начин: „квид про кво“ за импичмент на Трамп

Сведочењето на Гордон Сондленд, амбасадор на САД во ЕУ откри експлозивни сознанија за односите на Вашингтон со Киев, а предтекстот бил корупција.

Сведочењето на Гордон Сондленд, амбасадор на САД во ЕУ, синоќа откри експлозивни сознанија за односите на Вашингтон со Киев и напорите на поединци од Администрацијата да извршат притисок врз Украина за политички подобни истраги а предтекстот бил корупција.
Далеку од тоа дека притисикот бил добронамерен, како и неспроведените но побарани истраги.

Американскиот претседател Доналд Трамп го ставил пред избор својот украински колега Володомир Зеленски – побарал од него да спроведе истрага за политички ривал и да објави јавно за тоа, а во замена да добие воена помош од околу 400 милиони долари и прием во Белата куќа.

Сондлед многукратно потврди дека сите клучни лица во Админисрацијата, од државниот секретар Мајк Помпео до потпретседателот Мајк Пенс, и Мик Молвејни, вршител на должноста раководител на администрацијата, биле запознаени со ова.

Класични мито и корупција на американски начин биле маскирани со она што требало да изгледа како нормални дипломатски односи и напори насочени кон борба со корупцијата и запирање на руската агресија во источниот дел на Украина. Земја која и така е соочена со олигархиска коруптивна елита и Заленски беше избран токму на бранот популарни надежи дека може да се справи со неа.

„Гордон Сондлед ни остави само еден избор“, објави реторички весникот „Њујорк тајмс“.

Во текот на распитот, на 20 ноември, Сондленд потврди дека заедно со други лица во блискиот круг на Трамп работел на тоа да се изврши притисок Украина да започне истраги за демократски политичари „бидејќи претседателот ни нареди да го сториме тоа“.

Тој, министерот за енергетика Рик Пери, специјалниот претставник на САД за Украина Курт Волкер, не сакале да работатат со Руди Џулијани во оваа кампања на услови и притисок врз Киев, но сепак прифатиле „на инсиситирање на претседателот“.

„Работевме со Џулијани на украинските работи директно координирани од претседаелот на САД. Не сакавме да работиме со него, но, едноставн кажано, игравме со поделените карти, следејќи ги наредбите на претседателот“, кажа Сондленд.

Потврди дека имало „квид про кво“, латинска фраза со значање „услуга за услуга“, постапка која во американскиот законик се смета за елемент на корупција и се гони со импичент на високи официјално избрани лица.

Сондленд го потврди и телефонскиот разговор со Трамп на 26 јули годинава, кој го откри за што сведочеше аташето во амбасадата на САД во Киев, Дејвид Холмс.

Во врска со тоа изјави „неодамна дознал дека зборот Бурисма е кодно име за Бајден“.

„Бурисма“ е украинска енергатска компанија за која Трамп од Зеленски побара спроведување истрага за наводна корупција бидејќи одредено време во неа бил ангажиран Хантер, синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден, политички ривал на претседателот.

Досега нема индиции дека синот на Бајден бил вклучен во коруптивни зделки во текот на своите активности во Украина.

Амбасадорот исто така потврди дека Џулијани му кажал дека истрагите се услов „Украинците да добијат средба со Трамп во Белата куќа“, и дека можеби услов е и испораката на воена помош.

Сондленд укажа дека иако Трамп никогаш не кажал отворено дека задршката на воена помош се условува со јавна објава на истраги, тој претпоставил дека постои релација во тоа „бидејќи два плус два е еднакво на четири“.
Фразата ‘два плус два еднакво на четири’ стана мото на сослушувањето, во текот на кое, неколку пати беше изречена од демократите, кои беа инспирирани во „разголувањето на царот“, но и од вознемирените републиканци, очигледно разочарани од лефтерно изречените сведовштва на Сондленд.

Конечно, од повеќе часовното испрашување на американскиот амбасадор во ЕУ стана очигледно дека она што Трамп го барал е спроведување истраги во странска земја насочени против политички ривали и во негова корист.

Тој би ја искористел објавата на Зеленски да го критикува и напаѓа Бајден, еден од претседателските кандидати.

Украинскиот претседател пак, со тоа би добил средба во Белата куќа и воена помош, „услуга за услуга“, што е елемент на корупција и според закон се гони со импичмент.
Трамп пак синоќа пред да замнине во Остин, сојузна држава Тексас, одговори на исказите и обвинувањата изречени во текот распитот.

Во изјавата тој се дистанцираше од Сондленд, хотелски бизнисмен кој има донирано 1 милион долари во кампањата на Трамп на изборите во 2016 година.

„Овој човек не го познавам добро. Изгледа како фин човек“, рече Трамп, држејќи тефтер со забелешки напишани со црн фломастер, фатени од камерите.

Трамп потврди и дека парите на Сондленд за неговата претседателска кампања „дошле предоцна“.

Слики: Nate Kitch