Една прецизна жена

16.12.2019 14:25

Една прецизна жена потстрижена кусо внесува ред
во моиве мисли и во мојот плакар,
ги движи наоколу чувствата небаре мебел
во нов распоред.
Жена чие тело е престегнато во појасот и решително
поделено
на горно и на долно
со временска прогноза во очите
од непробојно стакло.
Дури и плачот нејзин од страст следи одреден ред,
еден по друг:
питом гулаб, па див гулаб,
па паун, ранет паун, паун, паун,
див гулаб, питом гулаб, гулаб, гулаб
кос, кос, кос.

Една прецизна жена: врз килимот од спалната
нејзините папучи секогаш посочуваат вон креветот.
(Моите папучи посочуваат кон него.)

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото