Урбана акција: Пораки за заштита од коронавирусот пред банките во Тетово

18.04.2020 12:19
Табли со пораки за заштита од коронавирусот поставени пред тетовските банки

Табли со пораките „Носи медицинска маска!“, „Мијте ги рацете!“, „Држете дистанца од 2 метри!“, вчера (17 април), биле поставени пред банките во Тетово со цел луѓето да да одржуваат лична хигиена, да стават маски и да држаат социјална дистанца.

Групата активисти во соработка со банките бараат решенија за да се надминат проблемите од деновиве, кога редици граѓани чекаа исплатата на пензии и социјална помош. Поради новите мерки за ограничување на движењето, во полошкиот регион имаше долги редици пред банките, а бројката на луѓе кои чекаат ред без социјална дистанца достигнува и до педесет луѓе.

За да се избегнат турканици и групирање луѓе, Уметничката акција „Заштити се и заштити ги и другите” изработена од група уметници, активисти, апелира граѓаните да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките само кога е неопходно и притоа да внимаваат на времето и ограничувањата за движење.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, појаснуваат активистите, односно е работена во етапи и секвенцијално од страна на различни автори. Таа е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 Извор: Радио МОФ

ОкоБоли главаВицФото