Абортус

22.06.2020 13:08

Ја ебевте Земјата
и таа повторно е бремена.
Честитки! – рекоа.
Ќе се роди уште една војна.
Сега ќе чекаме
да се породи
и ќе ја храниме
нејзината чудна
тркалезна глад
со месеци.
Породувањето ќе биде
болно и тешко
и ќе трае долго.
И кога ќе се роди тоа бебе
ќе вреска
и целото ќе биде крваво,
и како и другите деца пред него,
ќе го фрлите на улица
со искинати алишта,
да талка
и да пита
со валкан гнев
на рацете.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото